БАКО НУТС
“БАКО”, претпријатие кое се занимава со производство, преработка, пакување и продажба на апетисани, семиња, зачини, корнфлекс и други прехранбени производи, има потреба да вработи:
Комерцијалист / Мерчендајзер
Задачи:
- Посета на постоечки и потенцијални клиенти на територија Охрид, Струга и Дебар
- Продажба и презентација на производниот асортиман на компанијата
- Грижа за правилно позиционирање, изложување и достапност на производите во продажните места
- Следење на залихи, рокови и потреби на продажните места
- Одржување и унапредување на деловната соработка со клиентите
- Следење на пазарот, конкуренцијата и продажните можности
- Редовно известување за реализирани активности и продажни резултати
Познавања:
- Минимум завршено средно образование
- Претходно работно искуство во продажба, комерција или мерчендајзинг ќе се смета како предност
- Познавање на територијата Охрид, Струга и Дебар ќе се смета како предност
- Основно познавање на работа со компјутер
Потребно:
- Возачка дозвола – Б категорија
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Одговорност, точност и ориентираност кон резултати
- Самостојност и добра организација во работата
- Културен и професионален однос со клиенти
- Подготвеност за теренска работа
- Способност за тимска работа
Пријавување до: 01.07.2026
Повеќе информации на следниот линк.









