Инфо за Млади
9

ЈАВЕН ПОВИК за невработени лица до 45 години – лиценцирани обуки

📢 ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до сите невработени лица до 45 години

3.6 Напредни бизнис обуки – лиценцирани обуки со признаен меѓународен сертификат (пилот мерка)

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува евидентираните невработени лица до 45 години кои сакаат да ги надградат своите знаења и да стекнат напонредни бизнис и професионални вештини со цел поголема конкурентност и полесна интеграција на пазарот на трудот.

Достапни модуларни програмски пакети:

  1. Marketing Specialist with AI Applications

  2. Materials Control Specialist

  3. Project Manager

  4. Quality Control Specialist

Во рамки на мерката ќе бидат опфатени 120 невработени лица, кои ќе имаат можност да посетуваат лиценцирани обуки со меѓународно признат сертификат.

📘 Услови за пријавување:

  • Завршено средно или високо образование

  • Евидентиран статус на невработено лице – активен барател на работа

Обуките ќе се реализираат во Скопскиот и другите плански региони, или онлајн, во зависност од интересот. За одржување на обука во одреден регион потребни се најмалку 10 пријавени кандидати по програмски пакет.

Сите кандидати ќе поминат пред-тестирање за проверка на нивото на знаење, со цел да се вклучат во соодветниот програмски пакет. Во случај на еднаков број бодови, предност ќе имаат невработените жени, согласно принципите на еднаквост, диверзитет и инклузивност.

📅 Времетраење на обуките:

  • До 4 месеци по формирање на конечните ранг листи

  • Групи со најмалку 10 учесници по модул

  • На македонски јазик

Сертификати и обврски:
Учесниците со најмалку 70% присуство ќе добијат уверение за посетувана обука, а оние кои успешно ќе го положат испитот – акредитиран меѓународен сертификат.
Кандидатите се должни во рок од 3 месеци по завршување на обуката да полагаат испит. Во случај на неположување, можат повторно да полагаат на сопствен трошок.

Пријавување:
Секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, во Центарите за вработување на АВРСМ.

Рок за пријавување: до 30.11.2025 година, или до пополнување на предвидениот број учесници.

Повеќе информации на следниот линк.

Не ја пропуштајте шансата за професионален напредок и меѓународно признат сертификат!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави