ЕкологијаОХРИД СЕГА
526

Герила Акција на СУП Клуб Охрид со една порака – За Чист Охрид

Стотици еко торби со QR-код поставени низ Охрид! За што станува збор?

Утринава Охрид се разбуди со стотици еко торби поставени на разни локации низ градот.

Целта на оваа герила акција од страна на СУП Клуб Охрид е да ја подигнат свеста за намалување на пластика за еднократна употреба на еден симболичен начин, воедно и да ја започнат акцијата за чистење на отпад од плажите која ќе трае до 21 јуни.

 

Првиот ден од летото 21 јуни, кој е и прогласен за Ден на Охридско Езеро, ќе биде обележан со една голема Супер Чистка – акција која традиционално се одржува веќе шеста година по ред.

Изминатите години СУП Клуб Охрид организираше бројни волонтерски акции – “Супер Чистки” преку кои нудеа бесплатни обуки и сите учесници добива СУП или кајак со цел да се исчистат места кои се достапни само по вода. 

За да го зголемат ефектот оваа година тие повторно ги повикуваат сите да си ја исчистат својата омилена плажа, а секој кој ќе го направи тоа добива гратис возење со СУП или кајак.



СУП Клуб Охрид има една цел а тоа е да нема повеќе пластика во езерото, воедно со тоа заедно да ги изградат еколошките навики и развојот на одржлив туризам. #ЗаЧистОхрид

Повеќе детали: www.supohrid.com

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави