Category: МЦО ПРАЈТ

Креативна Велигденска работилница

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Денес во Младински Центар Охрид се одржа креативна работилница за велигденски изработки.
Изработувавме рачни украси, кошнички и честитки.

Сите изработки ќе бидат дел од Велигденскиот базар организиран од Општина Охрид, кој ќе се одржи утре (17.04.2025) на плоштадот „Крушевска Република“ (Стар Чинар) од 11:30 часот.
Изработките ќе бидат понудени за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Ве покануваме да ја поддржите иницијативата и да придонесете за добрата цел! 🌸[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15257,15258,15259,15260,15261,15262,15263,15264,15265,15266,15267,15268,15269,15270″][/vc_column][/vc_row]

Велигденска Креативна Работилница во МЦО

Ве покануваме на креативна велигденска работилница, на 16 април (среда), со почеток од 14 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

Ќе изработуваме велигденски декорации – кошнички за јајца и други креативни изненадувања! 🧺✨
Подготви се за доза уметност и празнично расположение!
💌 Пријави се со порака во нашето инбокс – работилницата е отворена за сите што сакаат да твореаат и уживаат во празничен дух.

Втора сесија од Кариерно советување во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вака ни беше на втората сесија од Кариерното советување во МЦО – инспиративно, фокусирано и исполнето со практични активности!

👣 Следниот чекор ни е третата и последна средба од оваа мини-серија, која ќе се одржи во среда, 16.04.2025 во 18:00ч, Activity Room – МЦО.

🎯 Марија Коваческа ќе ве води кон финалните чекори за креирање на личен кариерен план, градење мотивација и самодоверба.

📍 Ви благодариме што сте дел од ова кариерно патување – се гледаме во среда! 💬[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15229,15230,15231,15232,15233,15234,15235,15236,15237,15238″][/vc_column][/vc_row]

Основи на новинарство и пишување текстови

📣 Наредна средба на Медија Клуб на тема „Основи на новинарство и пишување текстови“. На 10.04.2025 година (четврток), со почеток од 18:45 часот во просториите на Младински Центар Охрид.
Овој пат ќе се задлабочиме во светот на новинарството – ќе учиме како се гради новинарски текст, кои се клучните елементи на една вест, што е веродостојност и како се пишува за да се привлече внимание. ✍️
🎙️ Гостинка на оваа средба е Марија Наумоска, студентка на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, и членка на Уредничкиот одбор на студентското списание In medias res.
Подготвени сме за инспиративна и практична сесија што ќе нè доближи до вештините на современото информирање!
Ве очекуваме!

Кариерно советување во МЦО

🚀 Започни ја својата кариера со јасен план!
💡 Како да ја избереш вистинската насока за својата кариера?
💡 Што ако не знаеш каде да почнеш?
🔹 Токму затоа организираме БЕСПЛАТНО Кариерно советување во Младински Центар Охрид!
✅ Ќе научиш како да ги истражиш можностите
✅ Ќе изградиш самодоверба во носење клучни одлуки
✅ Ќе создадеш јасен акциски план за твојата кариера
👩‍🏫 Работилниците ќе ги води Марија Коваческа – меѓународно сертифициран советник за развој на кариера, со долгогодишно искуство во поддршка на млади во нивниот професионален пат.
📅 Датуми: 9, 10 и 16 април | 18:00ч
📍 Локација: Младински Центар Охрид
🎯 За кого? Средношколци, студенти, млади во потрага по кариера
🔹 Работилниците се поврзани и учесниците треба да присуствуваат на сите три сесии за да го добијат целиот пакет на знаења и вештини!
📩 Бројот на места е ограничен! Пријави се на линкот:

ЕКО БАЗАР ВО ОХРИД – УСПЕШНО ИЗДАНИЕ!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во саботата на 5-ти април, плоштадот „Крушевска Република“ го исполнивме со креативност, одржливост и добра енергија! На нашиот ЕКО БАЗАР, граѓани од Охрид и околината имаа можност да продаваат и купуваат облека од втора рака, рачни изработки, книги и многу уникатни креации.

🤝 Базарот имаше и хуманитарен карактер – сите собрани средства се наменети за малиот Петар, со цел да му помогнеме да ја добие неопходната медицинска помош.

Овој настан уште еднаш покажа дека одржливиот начин на живот е можен – и може да биде забавен, инспиративен и полн со заедништво.

💚 Благодарност до сите изложувачи, ученици, наставници посетители и поддржувачи што беа дел од овој ден – продолжуваме да градиме посвесна и позелена заедница!

Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15188,15189,15190,15191,15192,15194,15195,15196,15197,15198,15199,15200,15201,15202,15203,15204″][/vc_column][/vc_row]

Предавање за основите на фотографијата

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На последната средба на Медија Клубот во Младински Центар Охрид имавме можност да се запознаеме со основите на фотографијата, водени од професионалната фотографка Анамарија Момироска, дел од тимот на OhridNews.

Во првиот дел од сесијата, Анамарија нè воведе во важни принципи на фотографирање – како кадрирање, концептот на третини, избор на композиција и фокус, и ни покажа дел од своето фотографско портфолио.

✨ Потоа, членовите на клубот имаа можност самите да фотографираат и да се запознаат одблизу со работата со фотоапарат, експериментирајќи со различни објекти и сцени. Разговаравме и за тоа како светлината, боите и аголот влијаат на емоцијата и пораката на една фотографија.

Остануваме инспирирани и со уште повеќе желба да откриваме нови медиумски вештини![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15174,15175,15176,15177,15178,15179,15180,15181,15182,15183,15184″][/vc_column][/vc_row]

ЕКО БАЗАР во Охрид

На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ, каде што можете да најдете и да продавате:
👕 Облека од втора рака
🎨 Рачно изработени сувенири
📚 Книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки

💡 Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот!

❤️ Хуманитарен карактер – Сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни итни и сложени операции во Истанбул. Да му дадеме уште една шанса за подобар живот!

📍 Се гледаме во центарот на Охрид – 5-ти април, 12:00-14:00 часот!

📩 Местата за продавање на базарот се пополнети.

Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

Креативна работилница по повод Ден на аутизмот

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера, 2ри март, заедно со Инклузивна игротека „Радост“, реализиравме креативна работилница по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам (2ри април).
Заедно создадовме симболично дрво со лисја од сложувалка – претставувајќи уникатност, комплексност и инклузија!
Подготовките се одвиваа во Младински Центар Охрид, а работилницата се реализираше во просториите на Инклузивната игротека „Радост“. Учествуваа децата кои редовно ја посетуваат игротеката, како и членовите на Креативниот клуб од Центарот. Активноста ја водеа младински работници, специјални едукатори, рехабилитатори и негуватели.

Заедно градиме свет во кој сите се прифатени! [/vc_column_text][us_image_slider ids=”15152,15154,15155,15156,15157,15158,15159,15160,15161,15162,15163″][/vc_column][/vc_row]

Младински круг – Следни чекори!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера на 31 март се одржа втората средба од Младинскиот круг во Младински Центар Охрид, младите учесници одбраа два клучни предизвици за кои ќе работиме заедно:

– Подобрување на јавниот превоз за средношколци – ќе спроведеме анкета и ќе испратиме предлози до Општина Охрид!
– Еколошки активности за млади – истражуваме субвенции за велосипеди, мапираме локации за паркинзи и снимаме видеа за подобра велосипедска инфраструктура!

Следи нè за повеќе информации и приклучи се![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15146,15147,15148″][/vc_column][/vc_row]