Вчера во Младински Центар Охрид се одржа Форум театар изведен од ученици од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Низ силни сцени и ангажирани приказни, младите испратија пораки против насилството и ја истакнаа важноста од безбедна и поддржувачка училишна средина. Преку краток филм го отворија и прашањето за прекумерна употреба на телефони и последиците врз социјализацијата во училиштата.
Настанот е дел од проект поддржан од Детската фондација Песталоци, што го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со Младински центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab.