МЦО ПРАЈТПрограмски активности
10

Работилницата за Europass CV

Биди дел од работилницата за Europass CV, на 14 мај 2025 (среда), во 18:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.

Доколку си во потрага по работа, размислуваш за стажирање или сакаш да ја зголемиш својата мобилност во Европа – оваа работилница е за тебе!

Заедно со кариерниот советник Марија Коваческа ќе научиш како да го изработиш своето професионално CV користејќи ја платформата Europass, кое ќе биде усогласено со европските стандарди и препознатливо на меѓународниот пазар на труд. На крајот на сесијата, секој учесник ќе има подготвено свое Europass CV – спремно за апликации!

Учесниците треба да носат свој лаптоп или таблет.

Оваа работилница е можност за да научиш како да креираш современо, јасно структурирано CV, на начин кој е стандардизиран и лесно разбирлив од потенцијалните работодавачи, а и ќе биде видливо за различни европски работни пазари.

Пријави се тука.
Ве очекуваме!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави