Денес во Младински Центар Охрид се одржа креативна работилница за велигденски изработки.
Изработувавме рачни украси, кошнички и честитки.
Сите изработки ќе бидат дел од Велигденскиот базар организиран од Општина Охрид, кој ќе се одржи утре (17.04.2025) на плоштадот „Крушевска Република“ (Стар Чинар) од 11:30 часот.
Изработките ќе бидат понудени за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Ве покануваме да ја поддржите иницијативата и да придонесете за добрата цел! 🌸