На 16 март Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со Американско катче Струга.
Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.
Со овој меморандум ќе се овозможи:
Работилници за медумска писменост за млади;
Работилници за наука и технологија;
Презентации за образовни можности и стипендии во САД;
Проекција на филмови;
Со нетрпение очекуваме да понудиме повеќе одлични можности за младите во Струга и Охрид.
Доколку си млад поет или едноставно си вљубеник во пишаниот збор и сакаш да пишуваш поетски творби, но досега си немал/а можност и поддршка да ја претставиш својата поезија, слободно контактирајте не’ и испратете ни ваша поетска творба најдоцна до 19ти март, за да биде објавена на нашите социјални мрежи со ваше име и презиме, повод 21ви март – Светски ден на поезијата!
На 1 март Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со СУП Клуб Охрид.
Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.
Со овој меморандум ќе се овозможи:
Ширење и унапредување на едукација за подигнување на еколошката свест, културно издигнување и спортско образование на што поголем број млади од Охрид;
Подигнивање на свеста кај јавноста за вредностите и значењето на културата, спорт, екологија, комуникација особено за младите;
Поттикнување на спортскиот и културен дух кај младите
Запознавање, препознавање и справување со предизвиците кои ги носат спортот, екологијата и културата;
МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.
Во насока на поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, Младински Центар Охрид со дел од волонтерите го обои Центарот во боите на ретките болести со мотото „Ретко е да си редок“.
Во месецот со најмалку денови во годината ја подигнуваме јавната свест со крената обоена дланка и ги доближуваме потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејствата.
Повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“.
Доделени беа сертификати на наградените творби и добитниците ги претставија своите литературни творби пред присутните.
Освоено I место ПРОЗА – Александар Бојчовски
Освоено II место ПРОЗА – Сара Петкоска
Освоено I место ПОЕЗИЈА – Ангела Србиноска
Освоено II место ПОЕЗИЈА – Марија Наумоска
Доделени беа благодарници и на другите учесници на конкурсот. Честитки до наградените и сите учесници како дополнителна мотивација да продолжат уште повеќе да творат во иднина!
Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на комисијата, поетот, проф. Славе Ѓорѓо Димоски, кој направи една историска ретроспектива на развојот на македонскиот јазик.
Голема благодарност до ПНВ Публикации и Охриѓани коишто учествуваа во наградниот пакет за добитниците!
На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.
Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.
Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.
Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.
На 9 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“– Охрид.
Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.
МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.
Директорот на училиштето Г-дин Марјан Радески се запозна со програмите на Центарот кои се есенцијални за сите млади, и тоа: младинското учество, младинско информирање, неформално образование, култура, вработување и претприемништво, на кои МЦО става акцент.
На средбата се дискутираше и за значењето на угостителството во Охрид, како една од главните стопански гранки. МЦО ќе помогне при подготвување информативен материјал за промоција и поддршка на туристичките вредности, поттикнување на сите туристички здруженија за соработка и промоција на туризмот.
Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.
На 6 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка.
МЦО понуди простор за работа, дружба и креирање, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.
Директорот на училиштето Г-дин Сашо Недески се запозна со оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност, вработување и претприемништво, за секој млад човек, на кои МЦО става акцент.
Со овој меморандум само се официјализираше веќе воспоставената успeшна соработка.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид распишува литературен конкурс по повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, на тема: „Векувањето на македонскиот јазик“!
ИНСТРУКЦИИ:
1. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од средните училишта во Охрид!
2. Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема на овој конкурс.
3. Литературните творби треба да се испратат во електронска форма на email адресата на Младински Центар Охрид [email protected] со назнака Литературен Конкурс.
4. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и возраста на учесникот (примери: поетот08 15 год.; 2911* 17 год.), а право на учество имаат оригинални литературни творби кои претходно не се објавувани.
5. Добитниците со посебен примерок од литературната творба го докажуваат авторството.
6. Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши стручна тричлена комисија, која ја формира Младински Центар Охрид.
7. Рокот за пријавување на творбите важи од 01.02.2023 до 15.02.2023 год.
8. Ќе се доделат три награди во две групи (проза и поезија) на 21.02.2023та во Младински Центар Охрид.
*За повеќе информации слободно контактирајте нè на нашата email адреса: [email protected]
Ги очекуваме вашите творби!
Младински Центар Охрид[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10212″][/vc_column][/vc_row]
По повод 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција во Младински Центар Охрид се одржа едукативна работилница на тема ,,Млади против корупција”.
Учесниците дискутира за тоа колку младите се запознаени со поимот корупција, видовите и типовите на корупција, како може да се препознае и најважно како може да се спречи истата.
На работилницата учествуваа вкупно 30 ученици од три средни училишта од Општина Охрид. Истата ја водеше Иво Ристески – младински работник во МЦО.
Учениците покрај формалното образование кое се реализира преку наставно-образовниот процес, во Младинскиот Центар имаат можност да бидат вклучени и во процесот на неформално образование со цел да ги надополнат и доизградат знаењата.
„Без разлика колку корумпирани, алчни и без срце нашата влада, нашите институции, нашите медиуми и нашите религиозни и добротворни институции може да станат, младоста сé уште ќе биде прекрасна.“