5 Јуни – Светски ден за Заштита на Животната Средина.
Денес, во Младински Центар Охрид, се реализираше Креативна Работилница за рециклирање/преработување на стара облека во торби за пазарење.
Ресурсите на земјата се ретки и ограничени и оттука се тежнее кон одржливост, односно одржлив раст и развој, каде економскиот напредок, социјалната вклученост и заштитата на животната средина се избалансирани за да се обезбеди одржлива иднина.
На работилницата активен придонес дадоја учениците на три основни училишта: ООУ. ,,Кочо Рацин”, ООУ. ,,Григор Прличев” и ОУ. ,,Живко Чинго”.
На креативен начин се изработија торби за пазарење, со што се стави акцент на нужноста од колективна свест во насока на Заштита на Животната Средина.
Работилница за Креативно Пишување со Дамјана Видическа.
Во петокот се одржа првата од низата на работилници за креативно пишување каде младите имаа можност преку еден уникатен и креативен пристап да си ги усовршуваат своите вештини за пишување.
••• “Start writing, no matter what. The water does not flow until the faucet is turned on.”•••
Денес, на 1ви март, во Младински Центар Охрид се реализираше Креативна Работилница за Рачна Изработка на Мартинки.
Учесници од основните училиште ООУ,,Григор Прличев” и ООУ,,Кочо Рацин” земаа учество на работилница каде изготвија мартинки со различни плетки и традиционална симболика.
“Creativity is Intelligence Having Fun.” -Albert Einstein
Во насока на поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, Младински Центар Охрид со дел од волонтерите го обои Центарот во боите на ретките болести со мотото „Ретко е да си редок“.
Во месецот со најмалку денови во годината ја подигнуваме јавната свест со крената обоена дланка и ги доближуваме потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејствата.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Младински Центар Охрид распишува литературен конкурс по повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, на тема: „Векувањето на македонскиот јазик“!
ИНСТРУКЦИИ:
1. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од средните училишта во Охрид!
2. Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема на овој конкурс.
3. Литературните творби треба да се испратат во електронска форма на email адресата на Младински Центар Охрид [email protected] со назнака Литературен Конкурс.
4. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и возраста на учесникот (примери: поетот08 15 год.; 2911* 17 год.), а право на учество имаат оригинални литературни творби кои претходно не се објавувани.
5. Добитниците со посебен примерок од литературната творба го докажуваат авторството.
6. Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши стручна тричлена комисија, која ја формира Младински Центар Охрид.
7. Рокот за пријавување на творбите важи од 01.02.2023 до 15.02.2023 год.
8. Ќе се доделат три награди во две групи (проза и поезија) на 21.02.2023та во Младински Центар Охрид.
*За повеќе информации слободно контактирајте нè на нашата email адреса: [email protected]
Ги очекуваме вашите творби!
Младински Центар Охрид[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10212″][/vc_column][/vc_row]