[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера во Младински Центар Охрид се одржа Форум театар изведен од ученици од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Низ силни сцени и ангажирани приказни, младите испратија пораки против насилството и ја истакнаа важноста од безбедна и поддржувачка училишна средина. Преку краток филм го отворија и прашањето за прекумерна употреба на телефони и последиците врз социјализацијата во училиштата.
Настанот е дел од проект поддржан од Детската фондација Песталоци, што го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со Младински центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15298,15297,15296,15295″][/vc_column][/vc_row]
Биди дел од работилницата за Europass CV, на 14 мај 2025 (среда), во 18:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.
Доколку си во потрага по работа, размислуваш за стажирање или сакаш да ја зголемиш својата мобилност во Европа – оваа работилница е за тебе! Заедно со кариерниот советник Марија Коваческа ќе научиш како да го изработиш своето професионално CV користејќи ја платформата Europass, кое ќе биде усогласено со европските стандарди и препознатливо на меѓународниот пазар на труд. На крајот на сесијата, секој учесник ќе има подготвено свое Europass CV – спремно за апликации!
Учесниците треба да носат свој лаптоп или таблет.
Оваа работилница е можност за да научиш како да креираш современо, јасно структурирано CV, на начин кој е стандардизиран и лесно разбирлив од потенцијалните работодавачи, а и ќе биде видливо за различни европски работни пазари.
Во склоп на хуманитарна акција на навивачите на Ливерпул од целата земја за фамилиите на настраданите деца од Кочани, која ќе се одржи во Restaurant and Beach bar Lychnidia на 11ти Мај(Недела) , ќе се одржи и Карате семинар за деца со Сенсеи Глигор Глигороски и Сенсеи Данко Глигороски во спортскиот центар Климент Колески на 10ти Мај(Сабота), од 12:00 часот во времетраење од 45 минути до максимум 1 саат. Децата ќе имаат можност да ги научат основите на каратето од реномирани тренери со големо искуство. Семинарот ќе биде бесплатен , со хуманитарен карактер. Сите присутни можат да донираат парични средства во кутија за донации кои подоцна, заедно со средствата собрани од главниот настан во недела ќе бидат уплатени на сметката на фамилиите на кои најмногу им требаат.
Организаторите Ве покануваат да бидете дел од овој настан и сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело за нашите сограѓани погодени од несреќата во духот на нивното мото YOU’LL NEVER WALK ALONE ! Воедно вашите деца ќе се запознаат со една племенита спортска вештина , со чија примена се стекнува спортски дух , здраво тело и ум
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 30ти април, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа третото издание на Саемот за образование и кариера каде матурантите и основците од охридските училишта имаа можност да се запознаат со над 13 државни и приватни универзитети од Македонија, активности и програми на средните охридски училишта, програми за студии во САД, како и советувања со кариерни советници! 🎓🌍
🤝 Благодарност до сите факултети, средни училишта, професори, ученици и партнери што беа дел од ова важно случување за иднината на младите![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15282,15283,15284,15285″][/vc_column][/vc_row]
Со задоволство ве информираме дека на 03 маj 2025 година во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.
Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
Настанот опфаќа богата програма со две панел-дискусии, изложба и публикација, при што учесници ќе бидат реномирани архитекти, професори и конзерватори кои ќе разговараат за архитектонското наследство и неговата иднина.
[vc_row][vc_column][vc_column_text]Денес во Младински Центар Охрид се одржа креативна работилница за велигденски изработки.
Изработувавме рачни украси, кошнички и честитки.
Сите изработки ќе бидат дел од Велигденскиот базар организиран од Општина Охрид, кој ќе се одржи утре (17.04.2025) на плоштадот „Крушевска Република“ (Стар Чинар) од 11:30 часот.
Изработките ќе бидат понудени за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Ве покануваме да ја поддржите иницијативата и да придонесете за добрата цел! 🌸[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15257,15258,15259,15260,15261,15262,15263,15264,15265,15266,15267,15268,15269,15270″][/vc_column][/vc_row]
„Empowering Western Balkan Youth for a Greener Future“ е проект кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува во партнерство со Friends of Korca Албанија и Center for Sustainable development Црна Гора, дел од програмата RYCO! 🌍
Овој проект има за цел да ги зајакне младите лидери од Западен Балкан во нивната борба за обновлива енергија и одржлив развој.
Преку вебинари за едукација, практични обуки, интеркултурни размени, соработка и застапување, заедно ќе придонесеме подобра иднина за нашата заедница и планета! 💡✨
Првиот вебинар “Western Balkans’ transition to a green economy” ќе се реализира на 30 април 2025 со почеток во 12.00 часот и со времетраење од не повеќе од 3 часа.
Во рамките на проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис активно работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за сајбер безбедност во поддршката на нивните конституенти, особено ранливите групи, за да ја зголемат нивната отпорност на сајбер закани и да практикуваат редовна сајбер хигиена. Како дел од активностите за подобрување на познавањата од полето на сајбер безбедноста, Фондација Метаморфозис планира две еднодневни обуки за претставници на граѓанските организации и граѓански активисти.
Една обука ќе се одржи на 7-ми мај 2025 година, додека уште една обука ќе се одржи на 4-ти јуни 2025 година. Двете обуки ќе се одржат во Скопје, во канцелариите на Фондација Метаморфозис. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Организациите кои ќе бидат дел од обуките ќе имаат можност да се пријават за менторство за дизајнирање на персонализирани планови за дигитална безбедност, со цел да се зајакнат нивните капацитети и да се поттикне ефектот на зајакнување на колективната отпорност на сајбер закани преку овие омоќени активисти.
Пријавувањето на учесници е до 1-ви мај 2025 година.
И оваа година повторно ќе се оддржи тркачка авантура на Охрид Ултра-Треил – https://ohridultratrail.com/ низ падините на Националниот парк Галичица, а за да се постигне врвна организација секако најважната алка сте токму вие – ВОЛОНТЕРИТЕ.
Граѓанскиот ресурсен центар ги кани сите заинтересирани граѓански организации и граѓански активисти да учествуваат на Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање. Работилницата ќе се оддржи онлајн на 06-07 мај 2025 година.
По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи волонтерството во нивните организации!