ИНФОРМИРАЈ СЕ
367

Хуманитарен Карате Семинар за деца и млади – Shidokan Dojo

Во склоп на хуманитарна акција на навивачите на Ливерпул од целата земја за фамилиите на настраданите деца од Кочани, која ќе се одржи во Restaurant and Beach bar Lychnidia на 11ти Мај(Недела) , ќе се одржи и Карате семинар за деца со Сенсеи Глигор Глигороски и Сенсеи Данко Глигороски во спортскиот центар Климент Колески на 10ти Мај(Сабота), од 12:00 часот во времетраење од 45 минути до максимум 1 саат. Децата ќе имаат можност да ги научат основите на каратето од реномирани тренери со големо искуство. Семинарот ќе биде бесплатен , со хуманитарен карактер. Сите присутни можат да донираат парични средства во кутија за донации кои подоцна, заедно со средствата собрани од главниот настан во недела ќе бидат уплатени на сметката на фамилиите на кои најмногу им требаат.

Организаторите Ве покануваат да бидете дел од овој настан и сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело за нашите сограѓани погодени од несреќата во духот на нивното мото YOU’LL NEVER WALK ALONE !
Воедно вашите деца ќе се запознаат со една племенита спортска вештина , со чија примена се стекнува спортски дух , здраво тело и ум

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави