Во рамките на проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис активно работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за сајбер безбедност во поддршката на нивните конституенти, особено ранливите групи, за да ја зголемат нивната отпорност на сајбер закани и да практикуваат редовна сајбер хигиена. Како дел од активностите за подобрување на познавањата од полето на сајбер безбедноста, Фондација Метаморфозис планира две еднодневни обуки за претставници на граѓанските организации и граѓански активисти.
Една обука ќе се одржи на 7-ми мај 2025 година, додека уште една обука ќе се одржи на 4-ти јуни 2025 година. Двете обуки ќе се одржат во Скопје, во канцелариите на Фондација Метаморфозис. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Организациите кои ќе бидат дел од обуките ќе имаат можност да се пријават за менторство за дизајнирање на персонализирани планови за дигитална безбедност, со цел да се зајакнат нивните капацитети и да се поттикне ефектот на зајакнување на колективната отпорност на сајбер закани преку овие омоќени активисти.
Пријавувањето на учесници е до 1-ви мај 2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.