Со задоволство ве информираме дека на 03 маj 2025 година во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.
Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
Настанот опфаќа богата програма со две панел-дискусии, изложба и публикација, при што учесници ќе бидат реномирани архитекти, професори и конзерватори кои ќе разговараат за архитектонското наследство и неговата иднина.