Со гордост објавуваме дека нашиот саем успешно привлече внимание од 5 средни училишта и 11 високообразовни институции. Втора година по ред се одржува Саемот за образование и кариера. Саемот беше одличната можност за интегрирано и напредно учење за идните средношколци и студенти.
Целта е како и претходната година на едно место да успееме да собереме што повеќе ученици од средните училишта. Сите средни училишта моментално се тука плус ПСУ „Јахја Кемал“, но и што повеќе факултети, значи и од високо образование не само од нашиот град. За жал, немаме ни многу избор, но доаѓаат и од повеќе градови, од УКИМ, УКЛО, Европски Универзитет, Интернационален Балкански Универзитет… За разлика од претходната година оваа година одзивот е поголем и се надеваме дека секоја година ќе си расте, ќе продолжи, ќе стане традиција, па зошти не и в година на полигонот да направиме уште поголем саем па да дојдат сите.
Јован Цветкоски – Раководител на МЦО
Саемот го отвори заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски кој во своето обраќање истакна дека настанот е од големо значење за младите кои стојат пред предизвикот за избор на соодветна кариера. Правилниот избор на образование ги одредува индивидуалните патишта, но има и големо влијание на општествениот развој.
Благодарност и до АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера за промоциите на кариерни можности и инспирацијата која ја дадоа на посетителите на саемот.
Благодариме на сите учесници и посетители за поддршката на саемот и нивното активното учество !
Мастер Клас за Млади со Комуниколог Бојан Кордалов во соработка со Младински Центар Охрид.
Учесниците имаа можност преку интеракција да научат за значењето на инфлуенсерството во денешно време, за техники за успешен јавен настап и комуникацијата како клучна алатка на патот кон успешна приказна.
„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство. Претставата е препорачана за 16+ возраст.
Премиера: Петок, 19.04.2024 во 20:00ч
Место: Младински Центар Охрид Касарна Охрид (Влез 1, кат 1) ул. Кленоец бр.1 6000 Охрид
Влез: Бесплатен и само со резервација претходно на нашите социјални мрежи во порака!
Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.
На ден 05.04.2024, се реализираше локална акција во склоп на проект за Промоција на ProfilPASS и Sport4Employability, со Поддршка на Сојуза младинска работа и Германски Институт за Меѓународна Соработка – ГИЗ.
\Со соработка помеѓу Младински Центар Охрид и Младински Центар Битола, дел од локалните акции беа учесници од Охрид и од Битола.
Истите имаа можност да научат повеќе за кариерен раст и развој, да се стекнат со нови знаења со цел успешна апликација за работа, но и да добијат сознанија за нова германска методологија за кариерен раст и развој, која се имплементира кај нас, како и можност за бесплатна сесија за кариерен раст и развој.
•••ProfilPASS е методологија која се фокусира на силните страни на индивидуата, пронаоѓање на своите компетенции како и понатамошни чекори преку Сертификатот кој се стекнува со завршување на Обуката со Сертифициран Кариерен Советник.•••
Учесниците имаа можност да бидат дел и од Тим Билдинг Активност со посета на Охридски Музеј на Вода – Заливот на Коските.
* Младински Центар Охрид нуди можност за бесплатна обука со ProfilPASS со Сертифициран Кариерен Советник.
Дополнително, на ден 08.04.2024 ученици од ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски” и ученици од СОСУ ,, Св. Кирил и Методиј” беа дел од локални акции во склоп на Проект за Промоција на ProfilPASS и Sport4Employability методологија со поддршка на Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work и Германски Институт за Меѓународна Соработка – ГИЗ.
Истите беа дел од посета на Младински Центар Битола, каде имаа можност да се вмрежуваат и да споделат добри практики.
Активностите беа со фокус на методологијата Sport4Employability, со што првично се стави краток осврт на ProfilPASS.
Активностите се реализираа во Градскиот Парк во Битола, каде истите имаа можност да се запознаат, да го истакнат својот натпреварувачки и тимски дух, како и да се поттикнат на размислување во насока на својот кариерен раст и развој како и своите компетенции.
Понатаму учесниците имаа можност преку тим билдинг активност да посетат едно од старите историски места познати во Битола, т.н Хераклеа.
На 05.04.2024, во петок,во Младински Центар Охрид ќе зборуваме на тема Кариерно Советување, со Сертифициран Кариерен Советник, со осврт на Нова методологија за процесот на Кариерно Советување.
Дел од истиот проект е и методологија под назив – Sport4employability, која повторно е со осврт на личен и кариерен раст и развој кај младите.
* Овие две алатки служат за саморефлексија, препознавање и валидирање на сопствените вештини. Помагаат во личниот развој на младиот човек и со тоа придонесуваат за подобар кариерен избор.
Преку промоција ќе одговориме на неколку клучни прашање:
Што е кариерно советување?
Нова иновативна методологија за спроведување кариерно советување – ProfillPASS.
Што знам и умеам?
Дали ProfillPASS може да ми помогне во процесот на барање работа?
Tips and trics за успешна апликација за работа/ангажман.
Каков е импактот на методологијата Sport4employability врз кариерниот разој на младите.
„Акцијата ,,Кариерно Советување ProfillPASS” е дел од проектот „Подобрување на социо-економската инклузија на млади од ранливи групи преку младинска работа“ спроведуван од Сојузот за младинска работа со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)“
На иницијатива на учениците од IX одделение од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид , на 20 март, во Младински Центар Охрид, Младински Круг на тема: Ментално Здравје со лиценциран Психолог •Теодора Алексиоска•.
Учесниците имаа можност гласно да зборуваат на оваа актуелна тема, бидејќи менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба и истото е појдовна основа за здрава општествена средина.
На иницијатива на учениците од IX одделение од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид , вчера се одржа предавање во Младински Центар Охрид, како втор дел на оваа иницијатива.
Учесниците имаа можност да дознаат повеќе на оваа актуелна тема, бидејќи менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба и истото е појдовна основа за здрава општествена средина.
Благодарност и до Теодора Алексиоска – лиценциран клинчки психолог.
Менталното здравје и негово максимизирање денес е предизвик на секоја индивидуа, кое произлегува од брзото темпо на живот, околината и самата глобализација, која како свои придобивки носи и ризици.
Саат-кулата во Охрид e времемерно здание во градот Охрид. Висока е 12 метри.
Старата саат-кула поседува едноставна архитектура. Се издига на еден раб на малата падина на Градскиот пазар и црквата „Св. Богородица Каменско“ во месноста Дебој, Месокастро. Била изградена од скадарецот Чавуш Дере Сулејман-ага во 1726 година.
Часовникот е поставена на камена кула, кој е сместена во дрвениот крај на кулата. Во внатрешниот дел на кулата се наоѓа натпис на кој е забележано името на нејзиниот градител, Чавуш Дере Сулејман-ага.
Самиот часовник во самата саат-кула бил наместен по муслиманско мерење на времето и така останал до Втората светска војна, кога стариот механизам бил заменет со нов, кој го покажувал времето по новите европски стандарди. По овој период, часовникот долго време не работел.
По Втората светска војна и заменувањето на механизмот, часовникот престанал да работи, но и целата саат-кула почнала да пропаѓа. По 20-тина години започнале одредени странски донации, но состојбата не се подобрила. Во 1965 година во неразјаснети околности, градската саат-кула настрадала во пожар. По пожарот, едноставната градба на кулата била оставена на забот на времето. Повторно, се појавиле странци волни за донации. Со збратимувањето на Нови Сад со Охрид, новосаѓани донирале средства за нов механизам и обнова на кулата. Овој механизам, од чешко производство, сè уште се употребува. Обновата на саат-кулата била извршена во 1979 година.
Низ вековите, охридската Саат-кула била сведок на текот на времето и променливите судбини на градот. Издржа војни, земјотреси и политички пресврти, останувајќи цврст симбол на издржливост и континуитет среде одливот и текот на историјата.
Додека сонцето заоѓа над Охридското Езеро и градските светла почнуваат да трепкаат, охридската Саат-кула стои како светилник на традицијата и заедницата, потсетувајќи ги сите кои го гледаат на трајниот дух на овој древен град сместен на брегот на еден од најстарите европски градови. и најдлабоките езера.
На 21ви март – Светскиот ден на поезијата – Културолошка иницијатива 5 до 12 заедно со Младински Центар Охрид и Здружението Еквалис организираат поетско читање „Имам нешто да ти кажам“ во кафе бар Шила, со почеток во 19:00ч.
Постои отворена можност за да се пријави кој сака, директно во порака.