АЛМА – М ДООЕЛ
АЛМА – М Објавува оглас за следната работна позиција:
СЕРВИСЕР НА АПАРАТИ ЗА КАФЕМАТИ
Работни задачи:
- Монтажа и демонтажа на апарати за кафе,
- Сервисирање на апарати за кафе во сервис,
- Посета на објекти низ Македонија по рутинг план,
- Подготвување на извештаи,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
- И други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Физичка спремност – понекогаш ќе треба да се крева, турка и влече тешки предмети до 30 кг.
- Познавање на електроника и механика,
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Познавање и работа со Microsoft Office,
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација,
- Професионално однесување,
- Организиран,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Потребно e претходно работно искуство од 2 години.
Работни услови:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
Пријавување до: 19.07.2026
Повеќе информации на следниот линк.










