Инфо за Млади
13

Поддршка на земјоделци НФФ

Националната федерација на фармери, во рамки на имплементацијата на проектот „Поддршка на малите земјоделци – Core Support to NFF“, поддржан од Шведска и We Effect, објавува повик за ангажирање на квалификувана компанија, образовна институција или граѓанска организација за спроведување на теренска проценка на потреби за подобрување на економскиот статус на младите земјоделци и развој на едукативна програма базирана на курикулум за 30 млади земјоделци.

Очекувани резултати (deliverables):

  • Подготвена детална методологија и работен план за извештајот од теренската проценка на потреби;
  • Подготвен извештај од теренска проценка на потреби со клучни наоди и препораки;
  • Развиен структуриран курикулум за едукативната програма;
  • Дизајнирана едукативна програма;
  • Подготвен план за имплементација и агенда за обуки;
  • Финален извештај кој го сумира процесот и ги вклучува: извештајот од теренската проценка, едукативната програма, курикулумот, планот и агендата за обуки.

Рок за доставување понуди 03.06.2026 година

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави