Инфо за Млади
6

Сетер во одделот за лиење пластика

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
Сетер во одделот за лиење пластика

Главни одговорности:

  • Одговорен за алатите за лиење пластика, машините за лиење пластика и нивната периферна опрема
  • Ги поставува параметрите на алатите за лиење пластика;
  • Ги чита и толкува нацртите, скиците, цртежите со спецификациите на производот и спецификациите кои се обезбедени од клиентот за да ги задоволи неговите барања;
  • Ги прегледува процедурите и работните инструкции и дава препораки за подобрување;
  • Ги следи процесите и работната документација. Врши опис на работните станици, промени во техничката и нацртната документација, воведување на промени во производната документација;
  • Ги решава проблемите со помошната опрема поврзани со лиењето;
  • Врши инспекција, ги мери и тестира процесите и финалниот производ согласно зададениот контролен план за производот со прецизна опрема за мерење;
  • Спроведува обука на сетерите на машини;
  • Ја спроведува комуникацијата за време на промена на смена / Комуникација со вработените;
  • Ги следи и зголемува перформансите на КПИ и СМЕД
  • Врши проценка и учествува во подобрување на внатрешните процеси и барањата на клиентот (Kaizen, 5S);
  • Работи во согласност со културата на Магна, одговара и работи согласно и процедурите и прописите на компанијата
  • Обезбедува правичност при работата, во согласност со повелбата на вработените и ​оперативните принципи;
  • Ракување со рачен палетар;
  • Пакување на готовиот производ врз основа на стандардите и документацијата;
  • Означување на производот и проверка на квалитет на финалниот прозивод;
  • Други задачи доделени од работодавaчот​​​​​

Потребно искуство:​​​

  • Техничко образование
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Основи на MS Excel
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Тимска работа

Што нудиме:

  • Организиран превоз и топол оброк
  • Обуки и стекнување на нови вештини
  • Можности за интерни унапредувања
  • Отворена и динамична корпоративна култура
  • Бонус систем
  • Приватно здравствено осигурување

 

Пријавување до: 04.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави