Инфо за Млади
8

Инженер за напредно планирање на квалитет (Advanced Quality Planning Engineer)

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:
Инженер за напредно планирање на квалитет (Advanced Quality Planning Engineer)

Инженерот за напредно планирање на квалитетот се грижи за квалитетот на производот да ги исполнува барањата на клиентот, како и да обезбедува беспрекорно и одржливо планирање во однос на новите и постојни производи и процеси, со што ги управува и ги ублажува можните ризиците на проектот, во сите негови фази.

Работни задачи и одговорности:
  • Учество во активности за напредно планирање на квалитетот
  • Одговорност за напредно планирање на квалитетот, PPAP
  • Идентификување на релевантните барања на клиентите во рамките на започнувањето на проектот
  • Пружање поддршка и присуство на состаноци со клиенти и ревизии од клиентот
  • Води грижа барањата на клиентите  да се инкорпорирани во функционалните спецификации на производот
  • Креирање и одржување план за тестирање на единечни делови, под-склопови и производи
  • Креирање и навремено ажурирање на документацијата за квалитет поврзана со активностите на APQP (контролен план, FAMP, план за инспекција)
  • Други работни задачи по налог на претпоставен раководител
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од техничките струки;
  • 3+  години професионално искуство во оддел за квалитет или сродни функции во автомобилската индустрија
  • Познавање на стандардите oд автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001)
  • Познавање и искуство со користење на  QM методите FMEA / SPC / MSA / APQP
  • Искуство и познавање на софтверите (SAP, Minitab)
  • Искуство со системи за квалитет или ревизијата на процесите
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail – Outlook);
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан

 

Пријавување до: 10.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави