Инфо за Млади
7

Јавен повик за експерт/ка за изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, на 24.03.2026 година објавува ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт/ка за изработка на Прирачник (Тoolkit) за превенција на употреба на дроги во училиштата во рамки на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“.

Ангажманот предвиден на овој јавен повик се однесува на изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата, наменет за Наставници, Стручни служби и Училишни тимови за превенција.

Прирачникот треба да обезбеди конкретни насоки, методи и алатки за спроведување на превентивни активности во училиштата. Прирачникот треба да биде подготвен на македонски јазик.

Работниот ангажман ќе биде спроведен во вкупно 10 експертски денови во периодот од 14 април до 27 април 2026. За секој работен ден предвиден е надоместок во висина од 170 евра во денарска противвредност.

Рокот за аплицирање е 31.03.2026 година до 10:00 часот

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави