Доставувач на материјали до производна линија (Warehouse Material Provider) во Сектор за Логистика.
Работни задачи и одговорности:
- Доставувачот на материјали репортира до менаџерот за Логистика и сменскиот раководител во магацин;
- Одговорен е за складирање на суровините во магацин и испорака на суровините од магацин до производна линија;
- Пренос на готови производи од производна линија до магацин;
- Пакување и подготовка на готови и други производи;
- Проверка на состојбата на складирање на стоките во магацин според дадени упатства.
Образование, искуство, вештини:
- Средно образование со 2-3 години искуство со работа во магацин;
- Способност за работа во 3 смени;
- Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените;
- Вештини за детално водење на евиденција и организирациски способности;
- Проактивен пристап кон работните обврски и тимскиот дух;
- Основно ниво на познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Познавање на MS Office.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување “Доставувач на материјали до производна линија ” преку полето Пријави се.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Пријавување до: 20. 03. 2026
Повеќе информации на следниот линк.









