Инфо за Млади
40

Оглас за вработување во Младински Центар Охрид

Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади во Младински Центар Охрид.
Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот и учеството на младите во заедницата, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
Главни одговорности:
  • Организирање и фасилитирање на активности, работилници и настани за млади.
  • Поддршка на младите во развивање на нивните идеи, иницијативи и младински проекти.
  • Давање информации и насоки за можности за едукација, волонтерство и размена.
  • Одржување на редовна комуникација со младите и нивна мотивација за активно учество.
  • Соработка со локални институции, организации и училишта за промоција на младински активности.
  • Административна поддршка и водење евиденции за програмските активности.
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование (предност: општествени науки, образование, културни студии или сродни области) или завршено средно образование со помината сертифицирана обука за младински работник.
  • Искуство во работа со млади, формално или неформално (волонтерство, младински организации, училишта и сл.).
  • Комуникациски и организациски вештини, подготвеност за тимска работа.
  • Креативност, иницијативност и способност за работа во динамична средина.
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
Ние нудиме:
  • Работа во позитивна и поддржувачка средина.
  • Можност за професионален и личен развој преку обуки и меѓународни програми.
  • Активно вклучување во креирање младински политики и иницијативи во Охрид.
  • Прилика да бидете дел од мрежа на младински работници и организации низ Македонија и Европа.
Аплицирање:
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на емаил: [email protected], најдоцна до 20ти септември 2025.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ви благодариме на интересот и со нетрпение очекуваме да станете дел од нашата приказна!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави