Денес винарската визба „Тиквеш“ ја создава приказната за македонското вино во светот, прераснувајќи во клучен двигател на македонската индустрија за вино. Со цел да ја продолжиме оваа мисија, потребни ни се луѓе кои ја делат нашата посветеност и страст.
• Доколку сакате да придонесете за понатамошниот развој на еден од најиновативните и најперспективните вински брендови
• Доколку не можете да одолеете на приказната за виното и подготвени сте да бидете дел од една од највозбудливите индустрии за пијалаци
• Доколку сакате својот понатамошен професионален развој да го градите во динамична средина, исполнета со интересни предизвици
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР
Потребни квалификации:
Образование – најмалку ССС (ВСС ќе се смета за предност)
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на Microsoft Office
Возачка дозвола Б категорија
Профил на кандидатот:
- Фокусираност кон резултати
- Професионалност и деловна култура
- Самоиницијативност и флексибилност, способност за тимско и индивидуално работење
- Поседување на амбиција и желба за усворшување на личните знања и вештини
- Организираност и посветеност на детали
- Комуникативност
Клучни одговорности:
Унапредување на продажбата и пазарот на вино
Дневна посета на купувачи и правење нарачки
Поставување и изложување на производите на компанијата согласно утврдените стандарди
Градење, одржување и унапредување на односите со купувачите
Промовирање на производите на компанијата
Подигнување на винската култура преку едукација на купувачите и крајните потрошувачи
Изготвување на извештаи за продажбата и состојбата на пазарот.
Активен до: 12.04.2024
Повеќе детали на следниот линк.