Инфо за Млади
282

RISE Journey 4: Повик за млади социјални претприемачи

Здружението за социјални иновации „АРНО” како локален инкубатор во проектот „Регионален Инкубатор за Социјални Претприемачи” (RISE), oбјавува повик за млади (16-35 год.) со иновативни идеи за социјални и зелени бизниси кои решаваат општествени и еколошки проблеми.

Повикот за апликации за четвртото издание на RISE програмата е отворен до 05 октомври, 23:59ч.

За да аплицирате, треба да ја пополните апликациската форма на англиски јазик која може да ја најдете на следниот ЛИНК.

RISE е програма за поддршка и охрабрување на младите од Западен Балкан која нуди алатки и средства за трансформација на иновативните идеи во одржливи социјални претпријатија.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕтука.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави