На 13 февруари, Младинските работници Иво Ристески и Ангела Митеска, заедно со дел од Волонтерите на МЦО (Мила Јовановиќ, Јана Танеска и Матеа Тотеска) ги презентираа предностите и начинот на функционирање на Младински Центар Охрид пред учениците во гиманзијата „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
Учениците имаа можност да слушнат повеќе за Младински Центар Охрид, која е неговата намена и идните програмски активности. На истите им беа презентирани и приоритетните теми во кои ќе делува МЦО, со посебен акцект на младинско учество, младинско информирање, вработување и претпримеништво, култура и неформално образование.
Тимот со интерактивен пристап ги запозна учениците со мисијата и целта на Младинскиот Центар, можностите кои ги нуди, можноста и самите да бидат дел од МЦО преку веќе формираниот Волонтерски клуб и новоформираните Креативен и Медија.
*Целта на оваа промоција е да им се овозможи на ученците низ раговор и непосредна комуникација со претставниците на Центарот да добијат одговор за можностите на истиот, но и самите да се вклучат во спроведување на програмите за подобрување на благосостојбата на младите.