Коалиција на младински организации СЕГА организира ДВА МЛАДИНСКИ КРУГОВИ како дел од широкиот консултативен процес за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики!
Биди и ти дел од консултациите за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики! Гласот на младите е важен, а учеството на младите во дизајнирањето на законската регулатива е од суштинско значење за да се креираат јасни, прецизни и остварливи законски решенија.
Коалиција СЕГА
Ако си на возраст од 15 – 29 години и сакаш да биде и твојот глас слушнат ПРИЈАВИ СЕ!
Во рамки на проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, Коалиција на младински организации СЕГА организира два Младински кругови. Круговите се организираат како дел од широкиот консултативен процес за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики, и предвидуваат младите да предлагаат решенија за подобрување на сите области кои ги регулира Законот.
Младинските кругови ќе се одржат во хотел Континентал – Скопје. Првиот Младински круг ќе се одржи на 28 март 2024 година, а вториот Младински круг ќе се одржи на 04 април 2024 година.
Ве покануваме да се пријавите за учество на Младинските кругови со пополнување на ПРИЈАВАТА подолу.
Краен рок за пријавување е 23 март 2024 година.
За дополнителни информации слободно контактирајте со Моника И. Кантарџиоска – Програмски раководител на СЕГА, на [email protected].
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА МЛАДИНСКИ КРУГОВИ
Проектот „Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади“ има за цел граѓанскиот сектор активно да се застапува за унапредување на постојаната законска регулатива за младинско учество, со што ќе се придонесе кон зајакнување на улогата на граѓанското општество за суштинско и транспарентно учество во процесите на донесување на одлуки и креирање политики.