КултураОХРИД СЕГА
41

Последна вечер од Кино „Четврток“: Вечер на студентски филмови во Охрид

Охрид, 09.04.2026 – Со проекција на осум кратки филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), ќе се одбележи последната вечер од концептот Кино „Четврток“ за оваа сезона.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИОФА – Охрид, со почеток во 19:00ч, и ќе понуди програма составена од авторски филмови од новата генерација македонски филмски автори.

На репертоарот се:

  • „Делмо“ – Мартин Темков (игран, 6’)
  • „Кози, Млеко, Планина“ – Александар Маркоски (документарен, 15’)
  • „Пуста желба за назад“ – Дарко Ѓуровиќ (документарен, 17’)
  • „Црна?“ – Леона Јариќ (игран, 4’)
  • „Нијансите на зелена“ – Теодора Најдовска (документарен, 8’)
  • „Судбина или Избор“ – Бојана Миовска (документарен, 15’)
  • „Делузија“ – Марија Петреска (игран, 7’)
  • „Сведоци“ – Јана Голабоска (игран, 10’)

Филмовите опфаќаат различни жанрови и теми – од интимни лични приказни и социјални реалности, до документарни сведоштва и експериментални пристапи, прикажувајќи ја креативноста и свежината на младите автори.

Настанот има и хуманитарен карактер, при што влезот е со минимум донација од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Со оваа вечер, Кино „Четврток“ ја заокружува сезоната, продолжувајќи ја својата мисија за промоција на филмската култура, поддршка на домашните автори и создавање простор за заедничко филмско доживување.

Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот да присуствуваат и да ја затворат сезоната со поддршка за младите автори и хуман гест.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави