Црвен крст Охрид во соработка со Младинскиот Центар Охрид организира предавање на тема „Рак на грлото на матката-причини, симптоми, тестови, стадиуми, превенција и лечење“, кое ќе се одржи на 02 март 2023 година (четврток) со почеток во 17:00 часот, во просториите на Младинскиот Центар Охрид.
Предавач ќе биде Д-р Јасна Митреска, спец.гинеколог.
Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Знаењето спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.
Не се двоумете да дознаете повеќе за ракот на грлото на матката и грижата за своето здравје ја подигнете на повисоко ниво.
Ве очекуваме !