Краток опис:
Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади. Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
Одговорности:
- Организирање и водење на активности и проекти за млади
- Поддршка во развојот и имплементацијата на програми за млади
- Комуникација, соработка и вмрежување со младински организации
- Промовирање на можностите за учество и ангажирање на младите во заедницата
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование
- *Предност ќе имаат кандидати со завршено високо образование од областа на социјална работа и социјална политика, педагогија и психологија
- Одлични познавање на македонски и англиски јазик
- Одлични комуникациски способности
За предност ќе се смета и:
- Искуство во работа со млади
- Искуство во младински сектор
- Искуство во промоција преку социјални мрежи
- Познавање во уредување на веб страни
Потребни лични карактеристики:
- Креативност
- Одговорност
- Способност за брзо учење
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за работа во динамична средина
- Самоиницијативност
- Интеркултурни вештини
- Почитување на рокови
- Способност за работа во тим и индивидуална работа
- Отвореност за нови предизвици и знаења
Што нудиме:
- Можност за континуиран развој
- Работа со млади
- Динамична и креативна средина
- Континуирана поддршка при спроведување активности
- Можности за интеркултурно искуство
Услови:
- Работно време во 40 часа неделно
- Работа на определено време со можност за продолжување на договорот
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на email: aplikacija@sega.org.mk најдоцна до 15 ноември 2024 година.
**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ви благодариме на интересот !