Млади од Турција, Романија и Црна Гора во посета на МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 14 август во посета на Младински Центар Охрид беа млади од Турција, Романија и Црна Гора. Претставници на НВО, претставници на младински центри како и млади вработени во јавните институции кои работат во секторите за млади и спорт.

Посетата беше дел од обуката „Youth participation in democratic life“ кој ја спроведува Младински Совет Прилеп.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка,  инклузија на младите и можност за соработка.

Првиот дел од посетата се состоеше од опсежна дискусија на повеќе теми,  а во вториот дел се реализираше кратка работилница на тема „Климтаски промени“ бидејќи годинешната тема повод Меѓународниот ден на младите беше токму поврзана со зелени вештини за млади и заеднички до одржлив развој и позелен свет.

На покана на МЦО на дискусијата присуствуваа и новите претставници на Локалниот совет на млади при Општина Охрид со цел вмрежување со младите.

Исто така на дискусијата присуствуваше и претставник од Одделението за Млади и невладини од Општина Охрид.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12636,12640,12639,12641,12637,12642,12643,12644″ nav=”dots” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]