На 27 март 2025 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа панел-дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.
Настанот, организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид, беше одлична можност за сите вљубеници во театарот, да се запознаат поблиску со процесот на создавање театарска претстава и да ја продлабочат свеста за значењето на театарот во општеството.
Вечерта започна со читање на овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, по што дел од ансамблот на Охридскиот театар споделија свои искуства и размислувања за процесот на создавање претстава.
Поради помалиот број учесници, настанот доби формат на интимен и неформален roundtable разговор, кој овозможи подлабока и поблиска дискусија меѓу присутните. Атмосферата беше топла и инспиративна, а учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да разменат мислења со актерите.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа вечер посветена на магијата на сцената!