Локална дискусија за потребите и предизвиците на средношколците

На 15 март Младински Центар Охрид организира локална дискусија на тема „Потребите и предизвиците на средношколците“.

 

На настанот ќе се дискутира за тоа колку студентите се запознаени со Законот за средно образование, начинот на функционирање на младинските заедници, Законот за младинско учество и младински политики, кои се предизвиците со кои се соочуваат средношколците, кои потреби произлегуваат од истите, за на крај да се предвидат решенијата.

 

Целта на оваа дискусија ќе биде да се приберат мислењата и ставовите на студентите во однос на подобрување на функцијата на сите засегнати страни, за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците во Општина Охрид.

 

*На локалната дискусија ќе учествуваат претставници на младинските (ученичките) заедници од средните училишта во Општина Охрид.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави