МЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
451

Квиз на знаење повод денот на мајчиниот јазик во МЦО

На 21 февруари 2024 година, повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Младински Центар Охрид се одржа натпревар во знаење (квиз) наменет за ученици од средните училишта во Општина Охрид.

Во квизот право на учество имаа екипи составени од 4 натпреварувачи од охридските средни училишта. Се натпреваруваа вкупно 7 екипи, односно 28 учесници од три средни училишта и тоа: ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Квизот се реализираше во соработка со Македонската Квиз Асоцијација, и истоиот беше осмислен според следниот концепт:

Основниот концепт на квизот имаше ЧЕТИРИ ГЛАВНИ ИГРИ, а вкупно во регуларниот дел од квизот имаше 40 прашања поврзани со развојот на македонскиот јазик, со неговите особености, дијалекти, граматика, книжевност, правопис и правоговор.

Прашањата се читаа на глас, а беа напишани и на слајд на платно со помош на проектор.

Целта на квизот беше да ја подигне свеста меѓу младите за важноста на македонскиот јазик, но и на мајчиниот јазик, воопшто, а самите прашања беа обмислени да поттикнат понатамошно истражување на зададените теми.

По завршувањето на игрите и пресметувањето на поените првото место го освои екипата под името „Оливера“ од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и тоа: Марко Тодороски, Ема Хаџи-Василева, Димитар Ѓуроски и Бојан Секулоски.

Второто место го освои екипата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ под името „Фаланга“ составена од: Петар Недески, Матео Силјановски, Бојана Билкова и Орхидеа Трпеска.

Третото место им припадна на екипата „Императори“ од ОСУ „Св. Климент Охридски“ составена од: Ламбе Иваноски, Иво Георгиески, Бурак Рахман, Евгенија Огненова.

Им честитаме на победниците и на сите кои учествиваат на овој квиз.

Благодарност до претставниците на Македонската Квиз Асоцијација: Александар Боцески, Славчо Николовски и Ѓоко Зороски.

Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.

 

ЗА КВИЗОТ: 

Прва игра: Серија брзи и соразмерно лесни прашања за загревање и разбивање трема;

Втора игра: Прашања со понудени одговори (а, б, в, г);

Трета игра: Прашања без понудени одговори, т.н голи прашања;

Четврта игра: Погодување автори или наслови на дела, откако беа прочитани познати цитати од македонската книжевност;

Петта игра: Дополнување познати филмски реплики или познати рефрени од песни, откако беа пуштени на проектор.

За секое прашање беше понудено соодветно време за размислување и усогласување меѓу членовите од екипите, после кое секоја екипа требаше да понуди свој одговор на предвидениот начин, во зависност од играта (со пријавување, усно, со подигнување на лист). Прашањата од секоја игра носеа соодветен број поени за понудените точни одговори. За неточни одговори не се одземаа поени.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави