Инфо за Млади
46

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од Техничар за одржување во оддел ОBC  (OBC Maintenance Technican)

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од Техничар за одржување во оддел ОBC  (OBC Maintenance Technican).
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорност за целокупното одржување на опремата;
  • Превентивно одржување и следење на машините и опремата за тестирање;
  • Максимизирање на времето и искористеноста на машината;
  • Познавање на сите аспекти на новата опрема/технологија;
  • Вршење на changeover на машините во согласност со распоредот на производство и производството на нови производи;
  • Извршување  итни /непланирани поправки на опремата за производство и редовно вршење на превентивно одржување
  • Иницирање на нови проекти кои ќе помогнат за намалување на времето на застој и подобрување на самото производството
  • Следење и раководење со опремата и процесите кои се користат за тестирање на производите. Ова би можело да вклучува склопување, калибрирањe итн.
Образование, искуство, вештини:
  • ССС електро или машинска струка, ВСС Електро/Машинска струка ќе се смета за предност;
  • +2 годишно искуство во оддржување;
  • Познавање и читање на електрошеми
  • Напредно познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail – Outlook)
  • Познавање на SAP ERP системот ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан

Активен до: 27.03.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави