Инфо за Млади
9

Јавен повик за занаетчии: Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” “

Цел на повикот: Целта е да се поддржат занаетчии кои сакаат да ги дигитализираат и промовираат своите производи, да научат како да користат дигитален маркетинг и е-трговија, да соработуваат со млади во развој на современи, социјално-претприемачки концепти, да учествуваат во дигитално документиање на традиционалните занаети (креирање на дигитална архива)

Кој може да аплицира? Локални занаетчии и креативци, предност ќе имаат оние кои практикуваат. Поединци или семејни занаетчиски бизниси. Занаетчии кои се подготвени  за соработка со млади и учество во дигитална документација на занаетот

Што добиваат избраните занаетчии? Учество во обука за дигитални и претприемачки вештини. Поддршка за онлајн промоција и е-трговија. Дигитална документација на занаетот (фото, видео, приказни). Можност за вклучување во развој на концепти на социјални претпријатија. Зголемена видливост и пристап до нови пазари.

Напомена: Занаетчиите (вкупно 5) кои успешно ќе ги поминат обуките, задолжително треба да учествуваат во активноста 3 и 4 за што им следува надомест од 100 евра бруто во денарска противвредност.

Локација и период: Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, бул.Климент Охридски бр.21, Скопје. Реализација: 19 и 20 февруари 2026

Начин на пријавување: Заинтересираните занаетчии треба да ја пополнат оваа google форма: https://forms.gle/wEPaxCZUq6r6…

Краен рок за аплицирање: 12 февруари

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави