КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Инженерот за напредно планирање на квалитетот се грижи за квалитетот на производот да ги исполнува барањата на клиентот, како и да обезбедува беспрекорно и одржливо планирање во однос на новите и постојни производи и процеси, со што ги управува и ги ублажува можните ризиците на проектот, во сите негови фази.
- Учество во активности за напредно планирање на квалитетот
- Одговорност за напредно планирање на квалитетот, PPAP
- Идентификување на релевантните барања на клиентите во рамките на започнувањето на проектот
- Пружање поддршка и присуство на состаноци со клиенти и ревизии од клиентот
- Води грижа барањата на клиентите да се инкорпорирани во функционалните спецификации на производот
- Креирање и одржување план за тестирање на единечни делови, под-склопови и производи
- Креирање и навремено ажурирање на документацијата за квалитет поврзана со активностите на APQP (контролен план, FAMP, план за инспекција)
- Други работни задачи по налог на претпоставен раководител
- ВСС од техничките струки;
- 3+ години професионално искуство во оддел за квалитет или сродни функции во автомобилската индустрија
- Познавање на стандардите oд автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001)
- Познавање и искуство со користење на QM методите FMEA / SPC / MSA / APQP
- Искуство и познавање на софтверите (SAP, Minitab)
- Искуство со системи за квалитет или ревизијата на процесите
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail – Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
Пријавување до: 10.04.2026
Повеќе информации на следниот линк.










