Category: ОХРИД СЕГА

Пријави се за „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела)

Во просториите на Младинскиот Центар Охрид ќе се оддржи работилницата „РЕ-КРЕ-АРТ“ (рекреирање на неупотребливи материјали во уметнички дела), е осмислена со цел да ги поттикне креативните и уметничките способности на учесниците преку употреба на неупотребувани и отпадни материјали. Преку оваа работилница, учесниците ќе се запознаат со разни техники како декупаж, мозаик, изработка на накит, оригами, креации од ткаенина и сл..
Целта е да се развијат вештини за создавање уметнички дела и да се поттикне еко-активизмот преку принципот „РеКреАрт – Реупотреби, Редуцирај, Рециклирај“.
Позади оваа работилница стои идејата за еко-активизам, а учесниците ќе се стекнат со знаења за како на кративен начин да дадат свој придонес за намалување на количината на отпад и создавање на одржливо општество. Р
аботилницата е дизајнирана да биде инспирација за млади ученици од основните и средните училишта, освестувајќи ги и насочувајќи ги кон еко-активизмот изразен преку уметност.
Преку теоретска и практична едукација, ќе откриеме како отпадот може да се претвори во уметност, истовремено поттикнувајќи критичко размислување за конзумеристичкото општество и важноста на личната одговорност за одржлив развој. На овие работилници, фрлените предмети и материјали ќе добијат нова намена како уметнички дела, што покрај уметничката, имаат и визуелна компонента. Ќе се едуцираме за принципите на здрава животна средина, минимум отпад и реупотребување на „неупотребливите“ материјали, поттикнувајќи љубопитност и креативност. РЕ-КРЕ-АРТ е организирана од филмската продукција Шарада, во соработка со BEACH FILM FESTIVAL и е поддржана од Министерството за Култура на РСМ.
Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да ја пополнат пријавата или да ни пишат во директна порака најдоцна до 26.06.2024 (среда).

Пополни ја пријавата тука.

Светски ден за Заштита на Животната Средина – Рециклирање на стара облека во торби за пазарење

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

5 Јуни – Светски ден за Заштита на Животната Средина.
Денес, во Младински Центар Охрид, се реализираше Креативна Работилница за рециклирање/преработување на стара облека во торби за пазарење.
 Ресурсите на земјата се ретки и ограничени и оттука се тежнее кон одржливост, односно одржлив раст и развој, каде економскиот напредок, социјалната вклученост и заштитата на животната средина се избалансирани за да се обезбеди одржлива иднина.
На работилницата активен придонес дадоја учениците на три основни училишта: ООУ. ,,Кочо Рацин”, ООУ. ,,Григор Прличев” и ОУ. ,,Живко Чинго”.
 На креативен начин се изработија торби за пазарење, со што се стави акцент на нужноста од колективна свест во насока на Заштита на Животната Средина.
 There is no planet B.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14133,14134,14135,14136,14137,14138,14139,14140,14141,14142,14143,14144,14145,14146,14147,14148″][/vc_column][/vc_row]

„Простор за разговор“ – Проекција на филм и танцов перформанс во МЦО

ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОР

Бидејќи родовата еднаквост е важна!
Танцувај во ритмот на промената!
Интерарт културниот центар во соработка со Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во склоп на турнејата на проектот „Простор за разговор“, во соработка со Младинскиот центар Охрид, ќе оддржи настан во кој ќе се изведе танцов перформанс и ќе се зборува на темата, а ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.
Танцовиот перформанс и филмот се создадени како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.
ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОР
Танцов перформанс
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева
Простор за разговор – филм
Кореографија: Рисима Рисимкин
Режија: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Сценарио: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Камера; Цветко Стојановски
Монтажа: Ирена Белул
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, Викторија Коцева, Стефани Шаршмит, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ
Продукција Интерарт културен центар
На темата ќе се обратат:
Јован Цветковски – Раководител на Младинскиот Центар Охрид
Ана Зафирова – новинар и активист
Рисима Рисимкин, уметник и професор
Турнејата на проектот се случува во партнерство со локални партнери од шесте градови во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство. Продуцент е Матеа Мијановиќ.
Продукција Интерарт културен центар 2024.

НАЦИОНАЛНО ДЕБАТНО ПРВЕНСТВО 2024

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Од 17 до 19 мај, во Скопје, Иво Ристески (тренер во Дебатниот Клуб), Сара Петкоска (дебатер), Борче Исакоски (дебатер), Марио Ѓорески (дебатер), Лина Јоноска (дебатер), Георги Меркоски (дебатер), Анастасија Атесленко (дебатер) и Калина Стојаноска (судија) со аргументи и ставови ја бранеа главната теза:

„Овој Дом претпочита целосно генеративен модел на вештачка интелигенција како главен извор на вести наместо новинари.“

Дебатерите, подготвени со знаењa и аргументи за новинарство, вешташка интелигенција и медиумска писменост, во улога на афирмациски или негациски говорници, неуморно и храбро дебатираа на оваа теза.

На националното дебатно првенство учествуваа над 50 тимови и над 150 дебатери. Нашиот дебатен клуб постигна одлични резултати. Во категорија најдобар  „replay speech“ 3то место освои Сара Петкоска. Во категорија најдобар говорник, дебатерите се пласираа во топ 30.

Инаку, во последните 8 месеци со членовите на Дебатниот Клуб  активно работевме на повеќе теми како: борба против лажни вести и препознавање на истите, структуирано пишување и изнесување на аргументи како и правилно побивање на туѓи аргументи, истражување, различни техники за јавно говорење и надминување на трема од јавен настап. Тренери: Александар Бојчовски и Иво Ристески.

Ова беше 154 дебатен турнир, а организатор на истиот е Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF, а поддржани од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14075,14083,14080,14077,14079,14086,14081,14084,14089″ fullscreen=”1″ autoplay=”1″ nav=”dots”][/vc_column][/vc_row]

„Премотај и почни одново“ – Театарска претстава на младите од МЦО

„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство. Претставата е препорачана за 16+ возраст.

Премиера: Петок, 19.04.2024 во 20:00ч
Место: Младински Центар Охрид Касарна Охрид (Влез 1, кат 1) ул. Кленоец бр.1 6000 Охрид
Влез: Бесплатен и само со резервација претходно на нашите социјални мрежи во порака!

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

Продукција: Младински Центар Охрид
Сценарио и режија: Јован Цветкоски
ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска

Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.

Истражете го Охрид: „Саат кулата како симбол за континуитет на градот“

Саат-кула

Саат-кулата во Охрид e времемерно здание во градот Охрид. Висока е 12 метри.
Старата саат-кула поседува едноставна архитектура. Се издига на еден раб на малата падина на Градскиот пазар и црквата „Св. Богородица Каменско“ во месноста Дебој, Месокастро. Била изградена од скадарецот Чавуш Дере Сулејман-ага во 1726 година.

Часовникот е поставена на камена кула, кој е сместена во дрвениот крај на кулата. Во внатрешниот дел на кулата се наоѓа натпис на кој е забележано името на нејзиниот градител, Чавуш Дере Сулејман-ага.

Самиот часовник во самата саат-кула бил наместен по муслиманско мерење на времето и така останал до Втората светска војна, кога стариот механизам бил заменет со нов, кој го покажувал времето по новите европски стандарди. По овој период, часовникот долго време не работел.

По Втората светска војна и заменувањето на механизмот, часовникот престанал да работи, но и целата саат-кула почнала да пропаѓа. По 20-тина години започнале одредени странски донации, но состојбата не се подобрила. Во 1965 година во неразјаснети околности, градската саат-кула настрадала во пожар. По пожарот, едноставната градба на кулата била оставена на забот на времето. Повторно, се појавиле странци волни за донации. Со збратимувањето на Нови Сад со Охрид, новосаѓани донирале средства за нов механизам и обнова на кулата. Овој механизам, од чешко производство, сè уште се употребува. Обновата на саат-кулата била извршена во 1979 година.

Низ вековите, охридската Саат-кула била сведок на текот на времето и променливите судбини на градот. Издржа војни, земјотреси и политички пресврти, останувајќи цврст симбол на издржливост и континуитет среде одливот и текот на историјата.

Додека сонцето заоѓа над Охридското Езеро и градските светла почнуваат да трепкаат, охридската Саат-кула стои како светилник на традицијата и заедницата, потсетувајќи ги сите кои го гледаат на трајниот дух на овој древен град сместен на брегот на еден од најстарите европски градови. и најдлабоките езера.

#ИстражетеГоОхрид

„Имам нешто да ти кажам“ – Поетско читање во кафе бар Шила

На 21ви март – Светскиот ден на поезијата – Културолошка иницијатива 5 до 12 заедно со Младински Центар Охрид и Здружението Еквалис организираат поетско читање „Имам нешто да ти кажам“ во кафе бар Шила, со почеток во 19:00ч.

Постои отворена можност за да се пријави кој сака, директно во порака.
Се гледаме четврток во Шила!

„Плаошник: Историското чукање на срцето на Охрид“

ПЛАОШНИК

Локалитетот Плаошник се наоѓа во јужното подножје на повисокиот (западниот) рид на Охрид, на зарамнето плато меѓу цитаделата на Самоиловата тврдина и црквата Св. Јован Канео на брегот од Охридското Езеро. Плаошник е исклучителен археолошки комплекс со културни слоеви од праисторијата, антиката и средниот век.

Во центарот на Плаошник стои црквата Свети Климент Охридски, прекрасно реставрирана црква во византиски стил посветена на заштитникот на градот. Изградена во 9 век, црквата служела како седиште на Охридската архиепископија, играјќи клучна улога во ширењето на христијанството низ регионот. Неговата архитектонска елеганција и богатите внатрешни украси, вклучително и фреските кои датираат од средновековниот период, им нудат на посетителите поглед на охридското минато и религиозното наследство.

Денес, Плаошник служи како место за аџилак и размислување за верниците и посетителите. Неговото тивко опкружување и панорамски поглед на Охридското Езеро создаваат спокојна атмосфера погодна за размислување и духовно обновување. Историското и културното значење на локалитетот, заедно со неговата природна убавина, го прават задолжителна дестинација за патниците кои ги истражуваат чудата на Охрид.

#ИстражетеГоОхрид

Истражете го Охрид: „Античкиот театар – одгласи на историјата“

Антички театар Охрид

Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на повисокиот охридски рид, под Самоиловата крепост, во непосредна близина на еден од главните влезови во утврдениот град-Горна Порта, од каде што се доловува незаборавна глетка на Охридското Езеро и на планините што го опкружуваат.

Издлабен во варовничката карпа на ридот, театарот може да се пофали со полукружен дизајн со нивоа на седишта кои можат да примат до 4.000 гледачи. Распоредот ја следи класичната грчка традиција, со фокусна сценска област позната како оркестар и скене, или зграда за позадина, што обезбедува позадина за изведбите.

Еден од највпечатливите аспекти на Античкиот театар од Охрид е неговата исклучителна акустика. Дури и во својата античка состојба, театарот бил дизајниран да го засилува звукот природно, осигурувајќи дека претставите може јасно да се слушнат од публиката низ целото место. Ова акустично чудо продолжува да ги импресионира посетителите до ден-денес, правејќи го театарот популарна дестинација за концерти, претстави и други културни настани.

Во текот на својата долга историја, театарот бил сведок на огромен број претстави, почнувајќи од грчки трагедии и комедии до музички концерти и модерни театарски продукции. Служи како енергичен центар на културно изразување и забава, одразувајќи ги различните уметнички традиции и влијанија кои го обликувале регионот низ вековите.

И покрај долговековното трошење, Античкиот театар од Охрид е извонредно добро сочуван, благодарение на тековните напори за конзервација и неговото прогласување за светско наследство на УНЕСКО. Посетителите на театарот можат да се восхитуваат на неговата импресивна архитектура, да се впијат во панорамскиот поглед на Охридското Езеро и да се нурнат во богатата историја и културното значење на ова античко место.

За жителите и посетителите, Античкиот театар од Охрид служи како потсетник на трајното наследство од минатото на Македонија и безвременската привлечност на изведувачките уметности. Тој стои како доказ за генијалноста и креативноста на античките градители кои го конструирале и продолжува да влева восхит кај сите кои имаат привилегија да ја искусат неговата величественост.

Мотивирачка трибина повод 8ми Март во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Традиционално повод 8ми Март и оваа година ги започнавме мотивирачките трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.

Гостинка на првата трибина, беше професорката по информатички науки и технологи Александра Настоска – Николоска.

Темата на која говореше беше за значењето и модерната улога на жената во нашето општество, но и за предизвиците со кои се соочуваат жените во сферата на информатичките технологии и предрасудите кои постојат во однос на поделбата на професии.

Улогата на жената во модерното општество е огромна и ние како претставнички на понежниот пол имаме рамноправно право со мажите во сферата на општественото делување. Иако низ историјата жената била третирана како индивидуа од понизок ранг, сепак, борбата на жените за рамноправност не била залудна. Токму затоа, денешниов празник – 8 Март им е посветен на жените во светот. Нека ни е честит Меѓународниот ден на жената.

Александра Настоска – Николоска

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид секоја недела ќе организира мотивирачки трибини. Мотивирачките трибини се под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”13809,13805,13812,13806,13807,13811,13808,13810″ nav=”dots” fullscreen=”1″ autoplay=”1″][/vc_column][/vc_row]