Category: Образование

„Учење за траен мир“ – Меѓународен ден на образованието

УНЕСКО го посветува Меѓународниот ден на образованието, кој се слави на 24ти јануари 2024 година, на клучната улога на образованието и наставниците во борбата против говорот на омраза, феномен што во последниве години зеде замав со употребата на социјалните медиуми, оштетувајќи го ткивото на нашите општества.

Учењето за мир мора да биде трансформативно и да им помогне на учениците да ги зајакнат потребните знаења, вредности, ставови и вештини и однесувања за да станат гласноговорници за мирот во нивните заедници.

Со таа цел, со вас споделуваме дел од пораките и размислувањата на професори од нашите локални образовни институции повод годинешната тема: „Учење за траен мир“.

Ана Коваческа – проф. по Англиски јазик
„Понекогаш на моите ученици – гимназијалци им го поставувам прашањето: „Дали според вас образованието е право или обврска?“ а тие често со кисела насмевка, преокупирани со материјалот кој го имаат за учење, одговараат дека за нив образованието е обврска, иако добро знаат дека образованието е признато како човеково право во многу меѓународни конвенции. Светот во кој се образуваат нашите деца нееднакво го спроведува ова човеково право, а колку е тоа неопходно можеме да научиме од некој кој не го уживал истото и поминал многу препреки, неправди и војни – Нелсон Мандела, кој рекол дека „образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот“. Со надеж дека светските лидери сакаат денешниот свет да претрпи промени, оваа мисла на Мандела треба да стане патоказ кон првиот чекор.“

Ѓоко Милески – професор по сообраќајна група предмети
Наставниците вклучени во воспитно-образовниот процес имаат улога да бидат мост помеѓу општеството од една страна и децата од друга страна. Општеството со своите владини институции и прифатените правни, етички и културни норми е важно како ќе биде прифатено од страна на учениците.
Многу е важно ученикот да ја доживее средината во која живее и се образува, како своја удобна зона. Успешно образование и воспитание е она, кое од денешните деца ќе успее да создаде граѓани со интегритет, кои ќе умеат да ги вреднуваат: човекољубието, хуманоста, прифаќањето и почитувањето на вредностите кај другите, без разлика на национална, верска, расна и полова различност. Наставникот има одговорност пред своите ученици да им укажува дека секоја пролеана солза еднакво боли.

Сведоци сме на воени конфликти, на многу кризни места во светот: Украина, Газа, но и многу семејно и врсничко насилство околу нас. За жал, човештвото наместо да се обедини во изнаоѓањето мирно решение, продолжува да се поделува на спротивставени табори, трудејќи се да бара аргументи, за да ја оправда агресијата на својата омилена страна во ваквите конфликти. Како наставници мораме гласно да говориме против воените и насилни конфликти, против ксенофобијата, расизмот и против говорот на омраза.

Тука гледаме колку е важен професионалниот избор на наставниот кадар, како и одговорноста на професијата наставник. Вистинскиот наставник, умее да се носи со предизвиците и аномалиите во општетството, навреме да ги препознае, да им укажува на учениците за различни ризични однесувања. Но, пред сè да биде личен пример во градењето мир и толеранција пред своите ученици. Само со ваков образовен кадар, учениците ќе се изградуваат во здрави личности и ќе знаат како да се самозаштитат од сивилото на злото, и нетолеранцијата која безмилосно го меле и го уништува светот околу нас.“

Марија Коваческа – професор по Стручни предмети во градежно-геодетска струка
Во современото живеење, каде постојано сме соочени со големи транзициски промени, јасно е дека образованието е клучната алка во промовирањето и градењето вештини за разбирање на различните концепти на живеење, вклучително и концептот на мир, почитување и разбирање на различностите. Ако се прашуваме што можеме како наставници да направиме за да го промовираме учењето за траен мир меѓу нашите ученици, тоа би секако: Градење емпатија меѓу учениците. Негување инклузивен став во училницата, сите сме исти. Да го практикуваме меѓукултурното разбирање. Негување на физичката и менталната благосостојба на учениците. Да работиме на изнаоѓање компромиси при решавање конфликти, да соработуваме.“Нека е честит Меѓународниот ден на образованието „Учиме за траен мир“

Наум Аслимоски – професор по Историја
„Сè додека важи правилото: ,,Силниот секогаш е помоќен од послабиот” историјата ќе се повторува и никогаш нема да настапи траен мир. Како што кажал Гоце Делчев: ,,Јас го сфаќам светот како поле за културен натпревар меѓу народите” и кога ќе ја сфатиме суштината на оваа мисла дури тогаш можеме да започнеме да размислуваме и работиме за воспоставување траен мир.“

Оваа објава ја завршуваме со овогодинешната порака на Одри Азулеј – Генерален директор на УНЕСКО:
„Затоа што ако омразата започнува со зборови, мирот започнува со образованието. Она што го учиме го менува начинот на кој гледаме на светот и влијае на тоа како се однесуваме со другите. Затоа образованието мора да биде во срцето на нашите напори за постигнување и одржување на светскиот мир“.

По повод успешно завршување на учебната година ООУ „Кочо Рацин“ со концерт во МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Прекрасна вечер, одличен настан, позитивна енергија. Најдобри ученици, среќни наставници, радосни родители. По повод успешно завршување на учебната година, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид синоќа со завршен концерт се претставија пред публиката во Младински Центар Охрид.

Младите вљубеници во музиката под менторство на наставникот по музичко образование Игор Стефановски изведоа преработки на повеќе нумери од познати домашни и светски поединци и бендови. Публиката уживаше во богатиот двочасовен репертоар.

На настанот директорката на училиштето Г-ѓа Славица Котеска доделени и благодарници за успешна соработка и афирмација на училиштето.

Со овој настан исто така официјално заврши и циклусот на неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“ каде целта беше да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера.

 Драги ученици, имајте убав летен распуст ! 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”11830,11832,11831,11833,11835,11836,11834,11860,11837,11839,11838,11843,11845,11840,11841,11842,11844,11850,11846,11847,11848,11849,11851,11852,11853,11854,11855,11856,11867,11857,11859,11861,11863,11864,11858,11865,11866,11862″ fullscreen=”1″ autoplay=”1″ autoplay_period=”5s” nav=”thumbs”][/vc_column][/vc_row]

ПРОМОЦИЈА НА МЛАДИ ПОЕТИ ПОВОД 21 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Доколку си млад поет или едноставно си вљубеник во пишаниот збор и сакаш да пишуваш поетски творби, но досега си немал/а можност и поддршка да ја претставиш својата поезија, слободно контактирајте не’ и испратете ни ваша поетска творба најдоцна до 19ти март, за да биде објавена на нашите социјални мрежи со ваше име и презиме, повод 21ви март – Светски ден на поезијата!

Ве очекуваме,

Младински Центар Охрид

МЦО ОДРЖА НАСТАН ПОВОД МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК – 21ви ФЕВРУАРИ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“.
Доделени беа сертификати на наградените творби и добитниците ги претставија своите литературни творби пред присутните.

Освоено I место ПРОЗА – Александар Бојчовски
Освоено II место ПРОЗА – Сара Петкоска

Освоено I место ПОЕЗИЈА – Ангела Србиноска
Освоено II место ПОЕЗИЈА – Марија Наумоска

Доделени беа благодарници и на другите учесници на конкурсот. Честитки до наградените и сите учесници како дополнителна мотивација да продолжат уште повеќе да творат во иднина!

Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на комисијата, поетот, проф. Славе Ѓорѓо Димоски, кој направи една историска ретроспектива на развојот на македонскиот јазик.

Голема благодарност до ПНВ Публикации и Охриѓани коишто учествуваа во наградниот пакет за добитниците!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10418,10409,10410,10411,10412,10413,10414,10415,10416,10417,10419,10420,10421,10408″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА РАСКАЗИ „ДРУГАРУВАМЕ СО ЛИЛИ И ВИЛИ“ ОД МЛАДАТА ПИСАТЕЛКА МАТЕА СТОЕВ

На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.

 

Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.

Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.

Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.