Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември
По повод 22ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.
Центарот ги повикува сите млади и граѓани:
да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),
до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,
да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.
Со оваа акција Младински Центар Охрид сака да потсети дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот.
Училишта без пластика заедно со Младински Центар Охрид ви го претставуваат првиот (од се надеваме многуте) Еко пазар, место за продажба на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.
Еко пазарот ќе даде можност да ги продадете своите стари алишта и предмети на оној којшто вистински сака да ги поседува наспроти носењето вреќи алишта онаму кадешто можеби не се потребни коишто потоа завршуваат по ѓубриштата. Ќе даде можност да ја тргнеме стигмата во врска со користењето алишта и предмети на втора рака. Ќе даде можност да се дружиме и да развиваме нови навики и светогледи во однос на начинот на којшто купуваме алишта и други предмети и како можеме да делуваме активно кон создавање на поздрава животна средина негувајќи ги принципите на реупотребата и т.н. бавна мода.
Вашето присуство најавете го на линкот за да може да обезбедиме тезга за вашите производи. Ве молам алиштата коишто ќе ги донесете да бидат чисти и уредно спакувани, а предметите или книги, играчки да бидат зачувани.
Собраните средства ќе се донираат за втора шанса за Александар!
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 26.06.2024 и 27.06.2024 во просториите на Младински Центар Охрид со најмладите изработуваме накит од монисти и реупотребливи материјали во соработка со Beach Film Festival.
Преку реупотреба на материјали се стави акцент и на круцијалноста од рециклирање и одржлив раст и развој.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14227,14228,14229,14230,14231,14232,14233,14234,14235,14236″][/vc_column][/vc_row]
5 Јуни – Светски ден за Заштита на Животната Средина.
Денес, во Младински Центар Охрид, се реализираше Креативна Работилница за рециклирање/преработување на стара облека во торби за пазарење.
Ресурсите на земјата се ретки и ограничени и оттука се тежнее кон одржливост, односно одржлив раст и развој, каде економскиот напредок, социјалната вклученост и заштитата на животната средина се избалансирани за да се обезбеди одржлива иднина.
На работилницата активен придонес дадоја учениците на три основни училишта: ООУ. ,,Кочо Рацин”, ООУ. ,,Григор Прличев” и ОУ. ,,Живко Чинго”.
На креативен начин се изработија торби за пазарење, со што се стави акцент на нужноста од колективна свест во насока на Заштита на Животната Средина.
Денес во просториите на МЦО се одржа вториот Младински Круг на тема „Климатски промени и одржливост на животната средина“.
Целта на овој Младински круг беше подигање на свеста за климатските промени, дискусија за одржливи практики и истражување на иницијативите предводени од младите за зачувување на животната средина.
На Младинскиот Круг учествуваа ученици од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” и СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид , како и членовите од Локалниот совет на млади при Општина Охрид.
Учесниците дадоа свој осврт и свои видувања на темата, предизвиците како и можните решенија, при што се разви плодна дискусија.
Остануваат уште три Младински Кругови до крајот на годината на различни теми.
Младински Центар Охрид во соработка со Регионален зелен центар Охрид почнувајќи од денес ја отвори изложбата на фотографии како дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.
Главна цел на проектот кој го реализираше РЗЦО е соодветно управување со појасите на трска во басенот на Охридското Езеро, што подразбира нивно мапирање и заштита. Водечки специфични цели се креирана јавна свест за значењето на трската и подигнување на степенот на законска заштита.
Изложбата во МЦО ќе биде отворена до 20 април.
Исто така на следниот линк можете да го гледате филмот кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро, кој го изработи Регионалниот зелен центар Охрид.