ЕкологијаМЦО ПРАЈТ
82

Еко пазар во Младински Центар Охрид оваа сабота

Училишта без пластика заедно со Младински Центар Охрид ви го претставуваат првиот (од се надеваме многуте) Еко пазар, место за продажба на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.

Еко пазарот ќе даде можност да ги продадете своите стари алишта и предмети на оној којшто вистински сака да ги поседува наспроти носењето вреќи алишта онаму кадешто можеби не се потребни коишто потоа завршуваат по ѓубриштата. Ќе даде можност да ја тргнеме стигмата во врска со користењето алишта и предмети на втора рака. Ќе даде можност да се дружиме и да развиваме нови навики и светогледи во однос на начинот на којшто купуваме алишта и други предмети и како можеме да делуваме активно кон создавање на поздрава животна средина негувајќи ги принципите на реупотребата и т.н. бавна мода.

Вашето присуство најавете го на линкот за да може да обезбедиме тезга за вашите производи. Ве молам алиштата коишто ќе ги донесете да бидат чисти и уредно спакувани, а предметите или книги, играчки да бидат зачувани.

Собраните средства ќе се донираат за втора шанса за Александар!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави