Category: МЦО ПРАЈТ

Бесплатната обука „Вештини за успех“ – MOTIVA

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во просториите на МЦО се одржа Бесплатната обука „Вештини за успех“.
Истата создава идни претприемачи, менаџери, лидери подготвени да го освојат светот!
 
На обуката говорник беше Директорот на Мотива – Зоран Костовски.
Воедно свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Охрид – Кирил Пецаков, каде со свој личен пример како најмлад градоначалник во општината стави акцент на важноста од неформална континуирана едукација.
 
Присутни беа многу млади ентузијасти, како од средните училишта во Охрид, така и студенти и останати млади индивидуи.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”9375,9369″][/vc_column][/vc_row]

Промоција на МЦО во “Св. Наум Охридски” – ЕМУЦ

Тимот на Младински Центар Охрид  го посети средното стручно училиште  ЕМУЦ  со цел зголемена информираност кај средношколците во Охрид за постоење на центар од вакви размери.
Промоција на центарот, неговото работење и оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност и вработување и претприемништво.
Средношколците, т.е ученичката заедница на ЕМУЦ имаше можност одблиску да се запознае  со идејата и самата функција на центарот, бидејки центарот е токму од младите за младите, и дека секој млад човек своите идеи и предлози може да ги реализира токму во соработка со МЦО.
Дека во МЦО може покрај место за работа, да најде и сојузници за поддршка при реализација на свои идеи и проекти.
Воедно се иницираше поинтензивна соработка и потпишување меморандум.

Национална работилница за унапредување на младинско учество

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 #YOUthcanbeHeard: Национална Работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.
 
Коалиција на младински организации СЕГА организира Национална Работилница за креирање на Позициски документ со препораки за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.
 
На работилницата значаен придонес даде Тимот на МЦО, кој заеднички со група на младинци креираа позициски документ со препораки за унапредување на младинско учество во процесите на донесување на одлуки кој ќе се проследи до надлежните институции за да постапуваат по предвидените препораки.
Работилницата се одржa во хотел Амбиент – Струга, во периодот од 21 – 23 октомври 2022 година, а се спроведува како дел од на проектот „Младите може да бидат слушнати”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +.
 
Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.
 
 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”9499,9500,9497,9498,9496″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Формиран Волонтерскиот Клуб на МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември се формираше Волонтерскиот Клуб на Младински Центар Охрид.
 
Волонтерството е едно од основните активности кои младите треба да ги преземаат за личен раст и развој.
 
Ова е одлична можност за развивање на духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место за живеење.
 
 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”9492,9491,9320,9319,9321,9322,9323″ fullscreen=”1″ nav=”dots”][/vc_column][/vc_row]

ПОВИК за Волонтерски Клуб

Младински Центар Охрид го проширува својот тим и со истата цел објавува повик за волонтери.
Секое лице на возраст од 15 до 29 години може да пристапи преку пополнување на апликацијата на овој линк Пријава за волонтери – Младински Центар Охрид (office.com)
Бидете дел од волонтерскиот клуб на МЦО! Со мал инпут, да произведеме голем аутпут!
Ве очекуваме!

Официјално отворање на Првиот Младински Центар во Охрид

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 12 октомври 2022 година, Општина Охрид и Коалиција на младински организации СЕГА официјално го отворија Младинскиот Центар во Охрид, во Касарна Охрид (влез 1, кат 1). 

„Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.“ – изјави Градоначалникот на Општина Охрид, г-дин Кирил Пецаков.

 

 

„Денес во Охрид, го отвораме Младинскиот Центар кој што е во согласност со стандардите на европските центри за млади. Центарот ќе овозможи место каде младите квалитетно ќе го искористуваат слободното време, но и ќе ги надоградуваат своите знаења и способности, притоа придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на живот на младите во Охрид.“, истакна г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на СЕГА.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”9872,9873,9874,9875,9876,9877,9878,9879,9880,9881,9882,9883,9884,9885,9886,9887,9888″ nav=”dots” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]