Тимот на Младински Центар Охрид го посети средното стручно училиште ЕМУЦ со цел зголемена информираност кај средношколците во Охрид за постоење на центар од вакви размери.
Промоција на центарот, неговото работење и оските на делување кои се есенцијални за зголемување на младинското учество, т.е младинско информирање, неформално образование, култура, безбедност и вработување и претприемништво.
Средношколците, т.е ученичката заедница на ЕМУЦ имаше можност одблиску да се запознае со идејата и самата функција на центарот, бидејки центарот е токму од младите за младите, и дека секој млад човек своите идеи и предлози може да ги реализира токму во соработка со МЦО.
Дека во МЦО може покрај место за работа, да најде и сојузници за поддршка при реализација на свои идеи и проекти.
Воедно се иницираше поинтензивна соработка и потпишување меморандум.