Опис на работната позиција:
Холандско-македонски старт-ап со седиште во Касарна Хаб – Охрид
Главни задачи: – Развој и имплементација на ефективни маркетинг стратегии
– Управување со социјалните медиуми
– Создавање креативна содржина.
Квалификации:
Високо ниво на познавање на англиски јазик (писмено и усно).
– Искуство во работа со социјални медиуми (Facebook, Instagram, TikTok) и алатки како Canva и WordPress.
– Способност за пишување креативни и јасни натписи.
– Познавање на маркетинг стратегии и најновите трендови во дигиталниот маркетинг.
– Сертификати за дигитален маркетинг или сродни области ќе се сметаат за предност.
Што нудиме:
Работа во инспиративна и динамична стартап средина.
Работно место во Касарна Хаб – Охрид.
Работно време од 9:00 до 17:00.
Можност за професионален развој и раст во рамките на компанијата.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата, испратете ја вашата биографија и портфолио (доколку имате) на [email protected]најдоцна до 01/02/2025.
Повик за локални младински иницијативи на тема циркуларна економија и справување со отпад:
Имаш идеја со која можеш да придонесеш за подобрување на твојата локална заедница? Токму сега е моментот да станеш херој на твојата заедница!
Те повикуваме да земеш учество во највозбудливиот локален предизвик досега! Доколку имаш иновативна идеја за заштита на животната средина преку користење на концептот на циркуларна економија, ова е совршената можност за тебе.
ШТО БАРАМЕ?
Бараме млади кои имаат ентузијазам и креативни идеи и иницијативи за решавање на локални предизвици поврзани со животната средина, насочени кон:
Намалување на потрошувачката на ресурси и материјали, вклучително и отпад;
Пракси и иницијативи за повеќекратна употреба на производи;
Поправка и ре-употреба на оштетени производи, наспроти нивно фрлање;
Претворање на отпадните материјали во нови суровини преку процеси на рециклирање;
Трансформирање на отпадни материјали или стари, неискористени предмети во нови производи;
Кампањи за застапување и подигање на свеста поврзани со горенаведените области.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Сите млади од Велес, Куманово, Липково, Кавадарци, Битола, Охрид, Македонски Брод и Пробиштип, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да спроведат локална иницијатива. Формирај тим од пет лица со твоите врсници, аплицирај за учество во проектот и придонеси за твојата заедница. Изборот на тимот кој ќе ја добие можноста да ја реализира својата локална иницијатива ќе се заснова на следните критериуми:
Степен на мотивација изразен во апликациската форма (10 поени);
Релевантност на предложеното решение во однос на целите на повикот (10 поени);
Иновативност на предложеното решение (10 поени);
Изводливост на предложеното решение (10 поени).
Во процесот на селекција, предност ќе имаат младите лица кои учествувале на OWIS (One World in School – „Еден свет во училиштето“) работилница во рамките на локалните Младински центри.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Кликни ТУКА и дознај како можеш да го пријавиш твојот тим и што ќе добиете ако сте избрани!
Овој повик е дел од проектот “Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита. Неговата содржина е единствена одговорност на ЛЕАД и не ги одразува ставовите на Европската унија.
Младински Центар Охрид е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.
Целта на постоењето на младинскиот центар Охрид е да обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
неформално образование: обучување и подучување на млади;
информирање, менторство, подучување и советување;
информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.
Младинскиот центар е отворен секој работен ден и е достапен за младите најмалку 40 часа, распоредени во најмалку 5 дена неделно. Во овој период младите доаѓаат во Центарот, учествуваат во програмските активности и ги користат постојаните услуги, се дружат и ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.
Во текот на 2024та година, тимот на Младински Центар Охрид организираше и реализираше едукативни работилници, семинари, обуки, културни настани, презентации, забави. Се вршеше промоција преку ИНФО ДЕНОВИ на отворени локации, во соработка со други организации и нивни настани; како и промоција по средните охридски училишта и факултетите во Охрид.
Настани кои ја одбележаа 2024та година во МЦО беа: Театарската претстава „Премотај и почни одново“ на младите од МЦО; Саемот за образование и кариера втора година по ред; Конференцијата за младинско претприемништво; Активностите повод Недела на млади; Денови на Младински Центри; Креативната летна школа итн.
Младински Центар Охрид во текот на 2024та година соработуваше со над 30 локални и национални организации, а тимот на Младински Центар Охрид учествуваше и на бројни обуки, семинари и конференции на национално и интернационално ниво.
И оваа година беше плодна за Младински Центар Охрид со над 80+ настани реализирани во текот на целата година, како и учество на над 30 настани/активности организирани од други организации и соработници.
Со ова најавуваме и бројни активности кои ќе следат во текот на 2025та година, како и доста новитети кои ќе ги откриеме во текот на годината.
Младински Центар Охрид е место каде се создаваат убави приказни од млади за млади, но со тоа и за целото наше општество!
Младински Центар Охрид со задоволство ве поканува на Младинската конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот во просториите на Младински Центар Охрид.
Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи.Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво.
Исто така настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.
Повик за учество во програма за лидерство во заедницата UP2YOU
Подгответе се да ги подобрите своите вештини и да водите промена во вашата заедница!
Пријавете се во Програмата за лидерство во заедницата UP2YOU која нуди пет БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви дизајнирани од и за студенти од високо образование,
едукатори, професионалци и волонтери на граѓански организации! Програмата е развиена во рамките на проектот Еразмус+ UP2YOU – Надградба на
универзитетските патеки за промовирање на одржливи и инклузивни практики, и ги вклучува следните обуки:
Совладајте го вашиот проект: Микро обука за управување со проекти: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Finance Forward: Совладување на финансиски менаџмент и прибирање средства: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Отклучете го вашиот личен и професионален потенцијал. Обука за животни вештини и вработливост: 25 ноември – 13 декември 2024 година
Премостување на празнините: Дигитални вештини за граѓанското општество: 16 декември 2024 – 13 јануари 2025 година
Зајакнете ја вашата заедница: социјално претприемништво и иновации: 13 јануари – 31 јануари 2025 година
Секој онлајн курс трае 3 недели и вклучува обем на работа од 25 часа (еквивалентно на 1 CFU).
Можно е да изберете повеќе од еден курс за учество!!!
Што добивате:
– Подлабинско разбирање на клучните теми како што се проектен менаџмент, финансиски менаџмент, дигитални вештини, социјално претприемништво и меки
вештини.
– Можности за вмрежување со истомисленици.
– Сертификат за завршен курс за секој курс.
– Наведените обуки и материјали се бесплатни, без трошоци!
Пријавете се до 17 ноември 2024 година на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdWp0Sr6PZ800IZBUyQDz9_-
aQVHf77TOfmdhwiJy_5dPDOjg/viewform
За повеќе информации, погледнете ја брошурата за курсот:
https://drive.google.com/file/d/13bgxrQcwcnQQImXunVuD8o29jcAHvvwR/view
Искористете ја оваа фантастична можност да ги развиете вашите лидерски вештини и да
придонесете за одржливи промени во вашата заедница!
Дополнителни информации за проектот UP2YOU се достапни на:
https://www.up2youerasmus.com/
Ве покануваме на Информативна сесија за Еразмус+, една од најпозитивните програми на Европската Унија, наменета за млади.
На информативната сесија претставниците од училиштата преку стручни служби, професори и ученици, ќе ги дознаат сите можности и продобивки за млади лица што ги нуди Еразмус+. На сите прашања за можностите ќе одговорат претставниците од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која директно раководи со Програмата.
Информативната сесија ќе се одржи во вторник, на 15ти октомври, од 11:00 часот, во Младински Центар Охрид, во времетрање од еден час.
Во склоп на националната кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри ги истакнуваме предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри истакнати на Семинарот за вмрежување и унапредување на младински работници, кој се одржа во Младински Центар Охрид во декември 2023.
Предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри се пресликуваат од една во друга општина и генерално се исти. Главен проблем е незаинтересираноста за вклучување на младите во програмите на центрите. Младите се неактивни во заедницата и нивниот интерес е насочен кон други приоритети, сметајќи дека постоењето на Младинските Центри не е нужно за нивниот личен раст и развој, со што нивниот младински активизам се става во втор план.
Водејќи се според трендовите се потенцира на важноста од онлајн промоција на Младинските центри и услугите кои ги нудат за млади, како најблизок метод за пристап до младите.
Покрај другото, стана збор и за важноста за соодветен и пристапен простор и локација на Младинските центри, што во ЗМУМП не е прецизирано, што остава простор за манипулативност од страна на самите општини.
Неопходно е конкретизирање на одредбите во законот во смисла на унапредување и конкретизирање на поимот на младински центри во состав на чл.22 од ЗМУМП.
Дополнително, двојното финансирање на младинските центри се смета за нужно. Покрај општините, државата треба да ги поддржи младинските центри, бидејќи истата им наложува со законот ЗМУМП да отворат и финансираат младински центри и понатаму целиот процес го остава на општините.
Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центри кои фигурираат во Македонија.
Младински Центар Гостивар – Youth and Community Center – Започна со работа во септември 2008 година.
Работи на различни програми и обезбедува повеќе аспекти за личен раст и развој на младите, и тоа: креативно изразување, клуб за англиски јазик, финансиска едукација, запознавање со политички систем, програма за лидерство, медиумска писменост, волонтерство и развој на младите.
Тимот се состои од сертифицирани младински работници.
ЛОТ 1: Разновидни локални одговори кои се однесуваат на ранливостите на Македонскиот информативен простор и ја намалуваат поларизацијата
ЛОТ 2: Зајакнување на интегритетот на информациите во онлајн просторот
ЛОТ 3: Употреба на вештачка интелигенција и технологија за зајакнување на информацискиот интегритет
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Организации или поединци легално регистрирани како непрофитна и невладина организација во Северна Македонија, основани во согласност со Законот за здруженија и фондации на РСМ.