ИНФОРМИРАЈ СЕМЦО ПРАЈТ
184

2024 година преку МЦО бројки

Младински Центар Охрид е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

Целта на постоењето на младинскиот центар Охрид е да обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:

  • неформално образование: обучување и подучување на млади;
  • информирање, менторство, подучување и советување;
  • информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар  е отворен секој работен ден и е достапен за младите најмалку 40 часа, распоредени во најмалку 5 дена неделно. Во овој период младите доаѓаат во Центарот, учествуваат во програмските активности и ги користат постојаните услуги, се дружат и ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.

Во текот на 2024та година, тимот на Младински Центар Охрид организираше и реализираше едукативни работилници, семинари, обуки, културни настани, презентации, забави. Се вршеше промоција преку ИНФО ДЕНОВИ на отворени локации, во соработка со други организации и нивни настани; како и промоција по средните охридски училишта и факултетите во Охрид.

Настани кои ја одбележаа 2024та година во МЦО беа: Театарската претстава „Премотај и почни одново“ на младите од МЦО; Саемот за образование и кариера втора година по ред; Конференцијата за младинско претприемништво; Активностите повод Недела на млади; Денови на Младински Центри; Креативната летна школа итн.

Младински Центар Охрид во текот на 2024та година соработуваше со над 30 локални и национални организации, а тимот на Младински Центар Охрид учествуваше и на бројни обуки, семинари и конференции на национално и интернационално ниво.

И оваа година беше плодна за Младински Центар Охрид со над 80+ настани реализирани во текот на целата година, како и учество на над 30 настани/активности организирани од други организации и соработници.

Со ова најавуваме и бројни активности кои ќе следат во текот на 2025та година, како и доста новитети кои ќе ги откриеме во текот на годината.

Младински Центар Охрид е место каде се создаваат убави приказни од млади за млади, но со тоа и за целото наше општество!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави