Во склоп на националната кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри ги истакнуваме предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри истакнати на Семинарот за вмрежување и унапредување на младински работници, кој се одржа во Младински Центар Охрид во декември 2023.
Предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри се пресликуваат од една во друга општина и генерално се исти. Главен проблем е незаинтересираноста за вклучување на младите во програмите на центрите. Младите се неактивни во заедницата и нивниот интерес е насочен кон други приоритети, сметајќи дека постоењето на Младинските Центри не е нужно за нивниот личен раст и развој, со што нивниот младински активизам се става во втор план.
Водејќи се според трендовите се потенцира на важноста од онлајн промоција на Младинските центри и услугите кои ги нудат за млади, како најблизок метод за пристап до младите.
Покрај другото, стана збор и за важноста за соодветен и пристапен простор и локација на Младинските центри, што во ЗМУМП не е прецизирано, што остава простор за манипулативност од страна на самите општини.
Неопходно е конкретизирање на одредбите во законот во смисла на унапредување и конкретизирање на поимот на младински центри во состав на чл.22 од ЗМУМП.
Дополнително, двојното финансирање на младинските центри се смета за нужно. Покрај општините, државата треба да ги поддржи младинските центри, бидејќи истата им наложува со законот ЗМУМП да отворат и финансираат младински центри и понатаму целиот процес го остава на општините.