Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
213

ПОВИК: СТАНИ ХЕРОЈ НА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА!

Повик за локални младински иницијативи на тема циркуларна економија и справување со отпад:

Имаш идеја со која можеш да придонесеш за подобрување на твојата локална заедница? Токму сега е моментот да станеш херој на твојата заедница!

Те повикуваме да земеш учество во највозбудливиот локален предизвик досега! Доколку имаш иновативна идеја за заштита на животната средина преку користење на концептот на циркуларна економија, ова е совршената можност за тебе.

ШТО БАРАМЕ?

Бараме млади кои имаат ентузијазам и креативни идеи и иницијативи за решавање на локални предизвици поврзани со животната средина, насочени кон:

  • Намалување на потрошувачката на ресурси и материјали, вклучително и отпад;
  • Пракси и иницијативи за повеќекратна употреба на производи;
  • Поправка и ре-употреба на оштетени производи, наспроти нивно фрлање;
  • Претворање на отпадните материјали во нови суровини преку процеси на рециклирање;
  • Трансформирање на отпадни материјали или стари, неискористени предмети во нови производи;
  • Кампањи за застапување и подигање на свеста поврзани со горенаведените области.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

Сите млади од Велес, Куманово, Липково, Кавадарци, Битола, Охрид, Македонски Брод и Пробиштип, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да спроведат локална иницијатива. Формирај тим од пет лица со твоите врсници, аплицирај за учество во проектот и придонеси за твојата заедница. Изборот на тимот кој ќе ја добие можноста да ја реализира својата локална иницијатива ќе се заснова на следните критериуми:

  • Степен на мотивација изразен во апликациската форма (10 поени);
  • Релевантност на предложеното решение во однос на целите на повикот (10 поени);
  • Иновативност на предложеното решение (10 поени);
  • Изводливост на предложеното решение (10 поени).

Во процесот на селекција, предност ќе имаат младите лица кои учествувале на OWIS (One World in School – „Еден свет во училиштето“) работилница во рамките на локалните Младински центри.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:

Кликни ТУКА и дознај како можеш да го пријавиш твојот тим и што ќе добиете ако сте избрани!

 

Овој повик е дел од проектот “Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита. Неговата содржина е единствена одговорност на ЛЕАД и не ги одразува ставовите на Европската унија.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави