Инфо за Млади
7

CNC Оператор

Опис на работната позиција

CNC операторот ќе биде одговорен за работа со CNC машини за обработка на метални компоненти со висока прецизност, согласно техничката документација и производствените стандарди на компанијата.


Работни задачи и одговорности

  • Работа со CNC машини (струг и/или глодалка)
  • Подготовка и поставување на алати, држачи и материјали за обработка
  • Читање и работа по технички цртежи и технолошка документација
  • Следење и контрола на параметрите на машината
  • Мерење и контрола на произведените делови со мерни инструменти
  • Корекција на параметри на машината кога е потребно
  • Почитување на технолошки процедури и стандарди за квалитет
  • Одржување на работното место и машината во исправна состојба
  • Почитување на правилата за безбедност при работа

Потребни квалификации

  • Средно или високо техничко образование (машинство или сродна област)
  • Минимум 2 години работно искуство со CNC машини
  • Искуство со CNC контролни единици Siemens и Fanuc
  • Добро познавање на технички цртежи
  • Познавање на мерни инструменти (шублер, микрометар, индикатор)
  • Основно познавање на CNC програмирање и корекција на параметри
  • Одговорност, прецизност и способност за тимска работа

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Искуство во метална индустрија или машинска обработка
  • Искуство со CNC стругови и CNC глодалки
  • Познавање на G-code програмирање
  • Искуство со сериско производство и прецизна машинска обработка

Ние нудиме

  • Работа во една смена (07:00 – 15:00)
  • Работа од понеделник до петок (слободен викенд)
  • Работа со модерна CNC опрема
  • Стабилна работа во растечка индустриска компанија
  • Можност за професионален развој
  • Долгорочна кариера во компанија со меѓународни клиенти

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати се поканети да испратат:

• CV
• Мотивационо писмо

на следната e-mail адреса:

[email protected]

со назнака:

Application – CNC Оператор

Пријавување до: 02.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави