Во рамки на програмата Кино „Четврток“, охридската публика на 12 февруари 2026 година ќе има можност премиерно да го проследи документарниот филм „К-15: Од другата страна“ – првиот документарен филм што ја раскажува приказната зад најголемиот хумористичен феномен во Македонија – единствените К-15.
Филмот носи поглед „зад сцената“ на една генерациска приказна што остави силен белег во македонската поп-култура. Преку искрени разговори, внимателно избрани архивски материјали и гласови од различни генерации, „К-15: Од другата страна“ реконструира значајна културна епоха и отвора простор за размислување за улогата на хуморот и сатирата во општеството.
За филмот:
Продукција: BDG Agency & Good Mood Media
Директор на фотографија: Илија Жоговски
Режија и сценарио: Илија Ико Каров
Информации за проекцијата:
12.02.2026
Влез отворен од 19:30 ч.
Почеток на проекцијата: 20:00 ч.
(По почетокот, вратите се затвораат.)
Филмски институт ФИОФА – Охрид
(Универзитет „Св. Апостол Павле“)
Влез: 200 мкд
Местата се ограничени
Картите може да се набават на влезот или со претходна резервација преку директна порака на социјалните мрежи.
Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12.
Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот, хуморот и македонската културна историја да бидат дел од оваа вечер и да ја погледнат приказната за К-15 – од другата страна.









