На 27 февруари официјално започнаа со активности новоформираните Медија и Креативен Клуб.
Заеднички со новите членови кои станаа дел од нашата мрежа, ќе работиме и делуваме во насока на развивање на креативната свест кај младите. Заедно ќе креираме содржини кои ќе бидат корисни за останатите млади.
За нив ова е одлична можност за развивање на духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да ја направиме нашата заедница поубаво место за живеење.
Усовршувањето на нашите способности и вештини е патот до успехот!