Од вечерва до 20 август 63то издание на „Охридско лето“. Да живее со уметноста !
Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, сцената „Долни Сарај“, ЦК „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа се местата каде ќе се случуваат атрактивни културни настани.
Сите вљубеници во уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет и изложба на фотографии.
Отворањето т.е првата фестивалска вечер годинава е резервирана за познатата сопранка, Ангела Георгиу.
Целтата програма за фестивалот „Охридско лето“ можете да ја погледнете тука.
На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над 20 земји од светот.