Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, со задоволство ја
најавува 11-та Летна Школа за Архитектура во Охрид под наслов „Challenging the five-stars“, под менторство на Куба Снопек од Варшава!
Развојот на социјалистичкиот туризам вклучуваше создавање на архитектонски експресивни згради кои ги комбинираа општественото однесување, политичките идеологии и почитта кој природниот пејзаж, одразувајќи ја посветеноста на општеството за заштита на животната средина и културата, притоа прикажувајќи можности за експериментирање во дизајнот.
Денеска имаме проблем со модернистичките хотели. Изградени пред половина век, тие не го обезбедуваат стандардот на кој сме навикнати денес. Од Ташкент до Краков, до Охрид, архитектите ги поместуваат границите на овие префабрикувани објекти за да постават поголеми кревети, повеќе базени и ефикасна климатизација. Но, овие напори се залудни. Тие антички хотели, обновени до непрепознатливост, често ја губат душата.
Што ако архитектурата е погрешна алатка за спасување на овие хотели? Што ако наместо тоа, повторно замислиме како може да изгледа слободното време? Што ако ја предизвикаме удобноста со пет ѕвезди, барајќи го изворот на среќа на друго место?
Оваа година учениците на Летната Школа за Архитектура во Охрид ќе го реевалуираат хотелот Палас, македонскиот архитектонски скапоцен камен во распаѓање, локалитет кој е наведен како национално архитектонско наследство. Школата ќе има за цел да предложи алтернативна стратегија за враќање на Палас во живот: онаа која ги препознава нематеријалните добра на
хотелот и го предизвикува универзалниот стандард за градење хотели, отстапувајќи од вообичаените архитектонски пристапи и фокусирајќи се на подобрување на искуството на посетителите.
Пополнете ја апликацијата тука.
За подетални информации обратете се на [email protected].